НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ бара смена на ЈО Јовески – за СДСМ тоа е барање амнестија

0
By Нова ТВ on October 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО ДПМНЕ денеска побара смена на Јавниот обвинител на РМ Љубомир Јовески, истакнувајќи дека „Јавното обвинителство мора да се тргне од прегратките на Заев и од криминалниот клан и конечно да почне да си ја врши функцијата за која што е овластено, а тоа е гонење на криминалот“.

-За денот на гласањето посочивме на низа нерегуларности, аргументирано и со докази за кршење на молкот, лажно претставување, злоупотреба на телефонски броеви, кол центри на СДСМ, потоа основано сомнение за полнење на кутии, лажирање на резултати, насилство врз набљудувачи, а од него, од ЈО Јовески – ниту глас! ВМРО-ДПМНЕ постојано поднесува кривични пријави за кривични дела против изборите, за кои ЈО треба само по службена должност, екс официо, веднаш сами да отворат истрага! Ама, Јавниот обвинител го нема. Сите нерегуларности во врска со референдумот сите индиции за криминални изборни дејства мора да бидат истражени. Но за тоа е потребен избор на нов Јавен обвинител по предлог на опозицијата. Треба брза смена на Републичкиот Јавен Обвинител, се вели во соопштението од опозициската партија.

Исто така од ВМРО ДПМНЕ наведуваат дека Јовески не реагирал ниту на поднесената кривична пријава против Зоран Заев за поткуп и поттикнување поткуп во изборни цели, за изјавата од трибината во Крива Паланка поднесена од опозициската партија во септември.

Од СДСМ реагираа дека ваквото барање „е уште еден обид за барање амнестија за криминалите на Никола Груевски“.

-Во клучен период за иднината на државата, Мицкоски уште еднаш покажува дека не му се важни ниту граѓаните, ниту државата. Единствено Мицкоски се грижи за амнестијата на неговиот Никола Груевски. Мицкоски сака да ја загрози иднината на Македонија со постапки кои се против интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО. Мицкоски, исто како и Ѓорге Иванов е под контрола на Груевски. Мицкоски, Иванов и Груевски треба да знаат дека нема амнестија за никого. Секој кој постапувал незаконски ќе мора да се соочи со одговорност, се вели во соопштението реакција од владејачката партија.

 

ВМРО-ДПМНЕ ЈО Јовески СДСМ смена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.