Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловски: Во октомври да продолжиме каде што застанавме во септември

0
By Нова ТВ on October 4, 2018 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 4, 2018 22:58

Двајца „скандинавци“ контра Димитриевски за голманската позиција, вардарецот Кристијан Тошевски повторно е конкурентен за одбранбената линија за која е неизвесен Дарко Велковски, Ферхан Хасани и Аријан Адеми се враќаат во средниот ред по пропуштените дуели во минатиот месец. Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски објави список со 21 играч за претстојните дуели со Лихтенштајн во Скопје и со Ерменија во Ереван во УЕФА Лигата на нации. Изненадувања нема, а националниот тим, за разлика од минатиот месец, е дополнет со тројца повратници. Адеми ги надмина проблемите со повредата, Хасани го подигна формата по ангажманот во Саудиска Арабија, по подолго време меѓу репрезентативците и Дамјан Шишковски од фински Лахти.

„Се решив за проверени имиња. На списокот се наоѓаат фудбалери кои ги повикав и на претходните натпревари. Промени нема. Како трет голман го повикав Дамјан Шишковски, во репрезентацијата се враќаат Хасани и Адеми со кои се зголемува конкуренцијата во средниот ред. Фокусот е на првата средба со Лихтенштајн. Посакаме победа, сакаме три бода, сакаме да продолжиме каде што застанавме во септември“, истакна Ангеловски.

Меѓу повиканите е Дарко Велковски иако централниот дефанзивец на Риека го повреди бутниот мускул на еден од тренинзите со хрватскиот прволигаш. Дали ќе има дополнителен повик за фудбалер наместо него ќе биде познато по деталните лекарски прегледи за утврдување на сериозноста на повредата.

„Немаме прецизна информација за степенот на повредата. Ситуацијата со Велковски ќе биде позната по медицинските прегледи од чии резултати ќе зависи дали ќе повикам друг играч. Додека не добиеме наод не сакам да шпекулирам со евентуална замена“, дополни македонскиот селектор.

Собирот на репрезентативците е закажан за понеделник во Скопје и до мечот со Лихтенштајн на арената „Филип Втори“ (сабота, 20.45 ч.) ќе бидат реализирани пет тренинзи. Македонија е лидер во групата 4 со максимален ефект по првите две кола во Д дивизија во Лигата на нации. Во воведниот дуел беше совладан Гибралтар со 2:0 по што со ист резултат беше архивирана и селекцијата на Ерменија на која „црвено-жолтите“ ќе ` гостуваат на 16 октомври.

Список на фудбалери за дуелите со Лихтенштајн и Ерменија во Лига на нации

Голмани

Столе Димитриевски (Рајо Валјекано/Шпанија)

Давид Митов Нилсон (Норчепинг/Шведска)

Дамјан Шишковски (Лахти/Финска)

Одбрана

Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон/Португалија)

Висар Муслиу (Шкендија)

Егзон Бејтулаи (Шкендија)

Кире Ристевски (Ујпешт/Унгарија)

Дарко Велковски (Риека/Хрватска)

Мите Цикарски (Јанина/Грција)

Кристијан Тошевски (Вардар)

Среден ред

Аријан Адеми (Динамо Загреб/Хрватска)

Енис Барди (Леванте/Шпанија)

Стефан Спировски (Ференцварош/Унгарија)

Бобан Николов (Види МОЛ/Унгарија)

Езџан Алиоски (Лидс јунајтед/Англија)

Ферхан Хасани (Ал Раед/Саудиска Арабија)

Елиф Елмас (Фенербахче/Турција)

Напад

Горан Пандев (Џенова/Италија)

Иван Тричковски (АЕК Ларнака/Кипар)

Илија Несторовски (Палермо/Италија)

Александар Трајковски (Палермо/Италија)

Игор Ангеловски Македонија репрезентација список фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.