НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Берлин контра САД, Лондон го поддржа Трамп за излегувањето од ИНФ

0
By Нова ТВ on October 21, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најавата на САД за напуштање на Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел (ИНФ) продуцира лавина реакции од големите светски сили – Германија го осуди потегот на Вашингтон додека, пак, Велика Британија изрази поддршка.

Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас изјави дека САД би требало да размислат за последиците од нивното повлекување од меѓународниот договор за нуклеарно оружје од среден дострел, како за Европа, така и за последиците по идните напори за разоружување.

„Тој договор цели 30 години беше важен столб на нашата европска безбедносна архитектура”, се наведува во соопштението лиферувано од Кабинетот на Мас.

Германскиот министер рече дека официјален Белрин честопати ја повикувал Русија да одговори на сериозните обвинувања дека го крши договорот.

„Сега ги повикуваме САД да ги разгледаат можните последици“, рече шефот на германската дипломатија.

Од друга страна, британскиот министер за одбрана Гeјвин Вилијамсон изјави дека Велика Британија е „апсолутно одлучно” со САД во одлуката на претседателот Доналд Трамп за повлекување од ИНФ.

Вилијамсон ја обвини Русија за загрозување на Договорот за контрола на оружјето што САД и Советскиот Сојуз го постигнаа во 1987 година, и го повикаа Кремљ да „воведе ред во својот дом“.

Вилијамсон, во изјава за „Фајненшл тајмс” изјави дека Москва се „исмејува” со Договорот, со кој се предвидува забрана за производство, тестирање и распоредување на нуклеарни и конвенционални ракети со дострел од 500 до 5.500 километри што се лансираат од земја.

В. Британија Германија Договор ИНФ Русија САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.