Баерн Минхен останува лидер во групата Е во фудбалската Лига на шампиони. Баварците се мачеа еден час во Атина вечерва, но завршија работа во само две минути за триумф над АЕК со 2:0. Чави Мартинез погоди во 61. минута, Роберт Левандовски во 63. минута за втора нивна победа во конкуренцијата и трет пораз на грчкиот претставник чии шанси за осминафинале се сведени на теорија.
Во вториот меч од 18.55 часот вечерва, Јанг Бојс и Валенсија одиграа 1:1 во рамки на групата Х. Гостите од Шпанија одигфраа две различни полувремиња на „Стад де Свис“ во Берн. Доминираа во првото по кое заминаа на одмор со гол предност (Мичи Бачуаи во 26. минута), но паднаа во второто и на крајот може да бидат задоволни со освоениот бод со оглед на неколкуте добри прилики што домашните ги имаа за целосен пресврт. Израмнувачкиот гол за Јанг Бојс беше дело на Оро во 55. минута