Тотенхем и Монако не успеаја до победи ниту во третиот обид во Лигата на шампиони во оваа сезона и на средина од групната фаза се соочуваат со елиминација.
Монако во рамки на групата А одигра 1:1 на гостувањето кај Бриж. Се што е вредно за одбележување на стадионот „Јан Брејдел“ се случи во првото полувреме и тоа во период од осум минути. Тимот од Кнежевството поведе со голот на Сила во 31. минута, возврати Весли седум минути подоцна за поделба по бод на крајот што не оди во прилог и на едните и на другите.
https://www.youtube.com/watch?v=c9vuP7ysPAI
Победник немаше и на „Филипс арена“ во Ајндховен каде домашниот ПСВ и Тотенхем одиграа 2:2. Лозано во 30. минута и Де Јонг во 87. минута погодија за холандскиот состав, Лукас во 39. минута и Хари Кејн во 55. минута беа стрелци за премиерлигашот кој последните десетина минути ги одигра со фудбалер помалку по исклучувањето на Уго Лори.
https://www.youtube.com/watch?v=M9JnfXQtC6M