Барселона ја врза и третата победа во сезоната во кошаркарската Евролига. По Баерн Минхен и Дарушафака, Каталонците во рамки на петтото коло го совладаа и Макаби Тел Авив со 74:58 (по четвртини: 18:12, 16:21, 25:7, 15:18).
Прв стрелец вечерва во „Блауграна“ беше Виктор Клавер со 14 коша, Кајл Кјурик постигна 13, Анте Томиќ заврши со 12 за победничката екипа. Единствени двоцифрени кај гостите од Тел Авив беа Анџело Калојаро со 11 поени и Џони О’Брајан со 10.
Евролига, 6 коло
Барселона – Макаби Тел Авив 74:58
Фенербахче – Баерн Минхен 88:84
Басконија – Дарушафака 82:56
ЦСКА Москва – Олимпијакос 69:65
Утре играат
Химки – Гран Канарија (18 ч.)
Будуќност – Панатинаикос (19 ч.)
Жалгирис – Реал Мадрид (19 ч.)
Милано – Анадолу Ефес (20.45 ч.)