НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мијалков до Мицкоски:ВМРО не доживеало ваков срам на меѓународна сцена

0
By Нова ТВ on November 8, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вторпат во рок од две недели, откако беше исклучен од партиските редови, поранешниот директор на УБК и поранешен висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, упати отворено писмо до актуелниот лидер на партијата Христијан Мицкоски. Писмото е во контекст со случувањата на Конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Хелсинки, каде партијата е претставена со две делегации, една предводена од Мицкоски и втората, на реформското крило во партијата, кое е таму повикано на лична покана од претседателот на ЕПП, Жозеф Дол.

Во продолжение ви го пренесуваме интегрално писмото на Мијалков до Мицкоски.

Христијан,

Ниедно претходно раководство на ВМРО не доживеало ваков срам на меѓународна сцена од сестринските партии кои се дел од Европската Народна Партија, а се надевам дека нема ни да доживее во иднина.

Се надевам и посакувам во иднина секој прв човек на ВМРО дека ќе биде фактор кој ќе биде прашан околу тоа дали ќе има една или две партиски делегации и кој ќе биде во тие делегации. Ти не си фактор и наместо да ја обединиш и зацврснеш партијата, ти ја слабееш и ја делиш.

За тоа си крив ти, твоето лицемерие, лажниот патриотизам и твојата незаинтересираност за иднината на Македонија.

Во иста вечер јавно да те бламираат и да ти пишуваат пораки на социјалните мрежи и Дорис Пак и Јоханес Хан не говори ништо друго, освен што покажува дека и тие ги прочитале твоите лаги и не ти веруваат. Одлучиле да ти твитнат за да не ти текне да си пренесеш само тоа што ти одговара и да лажеш дека имаш поддршка за штетата што ја предизвикуваш и по Македонија и по ВМРО.

Така е тоа Христијане кога играш дупло. Така е тоа Христијане со искусни политичари кои знаат дека твои советници од доверба шетаат по Скопје и зборуваат „а да си побаравме ние друг партнер, на исток”.

Јасно е зошто партијата не праќа соопштение за средбата со Дорис Пак и Јоханес Хан.

Во иста вечер претседателката на асоцијацијата на жени во рамки на ЕНП, Дорис Пак да ти каже дека твојот лажен патриотизам е неприфатлив за Европа, а од друга страна Еврокомесарот Јоханес Хан да ги нотира твоите заложби да не го опструираш процесот во парламентот е бламажа од светски, а не само од европски рамки.

А, што правиш ти Христијане ? Праќаш банални соопштенија, додека луѓево со кои што се среќаваат твоите соработници организираат протести пред домовите на пратениците.

Биди еднаш искрен и признај и пред членството и пред граѓаните, какви се тие твои заложби за конструктивност кои му ги вети на Хан ? Дали Хан лаже за твоите заложби ? Дали му кажа на Хан дека Македонија ти е пред се и дека ти ќе го спречиш договорот без разлика на цената ? Дали му кажа дека и да не успееш сега да го спречиш, доколку дојдеш на власт нема да го реализираш тоа што ќе зависи од тебе ?

Нели Христијане клечеше, се крстеше и се колнеше во Македонија? Која е сега таа конструктивност која што СЕГА ти стана повредна од Македонија ? Има ли твојата “борба за Македонија” цена и која е таа ? Дали ќе организираш протести и дали во Собранието ќе ги искористиш сите средства за да го блокираш договорот од Преспа, а такви средства имаш многу ?

Ќе предложиш ли Христијане неколку илјади амандмани или ќе ти бидат виновни други пратеници кои не биле доволно ангажирани ? Ќе организираш ли секојдневни протести пред Собрание за да покажеш колкава поддршка имаш од народот или ќе ги обвиниш структурите дека биле пасивни ? Ќе сториш ли нешто или ќе се правдаш како имало нова реалност, а ти кутриот не си моќен да преземеш ништо ?

Ти кажав и пак ќе ти кажам, тоа што го правиш не е чесно и не доликува на човек што треба да го води ВМРО. Сакаш да дојдеш на власт ама ти да си патриотот, а другите да се предавници. Сакаш да газиш преку туѓи животи. Кукавички и ниско од некој што треба да води организација како ВМРО.

Прочитан си Христијане дека играш двојно со нашето членство и целиот народ. Извини се на членството за двојните игри и лицемерито. Извини се и на граѓаните на Македонија што ги лажеше дека ти ќе си го бранел името до крај.

Христијан,

Подолг стаж во ВМРО имам и од тебе и од твоите соработници. Овие писма до тебе имаат само една цел, а тоа е да го спасиме и направиме посилно ВМРО. Ти не си ВМРО. ВМРО е над тебе. Ти си времено на функција во ВМРО. Доколку ВМРО загуби на претстојните избори затоа што е изолирано, тоа ќе биде само заради тоа што немаш капацитет. Крајно време е да размислиш и одлучиш, за вракање на прозападниот курс, зацртан во трајните определби на партијата, се вели во писмото.

Мијалков Мицкоски писмо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.