Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стоилов: Многу грешевме, Барселона заслужено победи

0
By Нова ТВ on November 12, 2018 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 12, 2018 00:29

Ниту полната сала, ниту поддршката од трибините, ниту желбата за победа и силните мотиви не беа доволни за ракометарите на Вардар за триумф над Барселона во седмото коло во групата А во Лигата на шампиони. Ако „црвено-црните“ на своја страна ги имаа индиректните моменти, Каталонците на своја страна ги имаа директните услови за победничко расположение на крајот за конечни 30:26 (полувреме 13:9).

„Заслужена победа на Барселона во што придонесовме и ние со играта. Почнавме со негатива и завршивме во негатива, а со толку грешки колку што направивме е невозможно да дојдете до позитивен резултат“, беше коментарот на Стоилов по мечот по вториот пораз на Вардар во ЛШ во оваа сезона по оној на гостувањето кај Кјелце.

Нивната одбрана беше цврста како гранит, а сигурност им влеваше и голманот Гонзало Перез де Варгас кој нанижа седум интервенции и прими само девет гола во првиот дел. Ритамот што го наметнаа од првата минута го држеа во текот на целиот натпревар и немаа проблеми за безбедно да го приведат до крај.

Вардарци пак беа се што Барселона не беше. Грешеа во додавањата, тешко градеа позиција за удар, промашуваа и сето како резултат, веројатно, на согорувањето во намерата за победа и издвојување на чело на табелата. Можност за поправен, барем на впечатокот, ќе имаат веќе наредниот викенд против истиот ривал во неговата „Блауграна“ (сабота, 19 ч.).

„Ние одигравме под нивото, Барселона беше одлична. На поразот влијаеја големиот број на технички грешки што ги направивме. Се боревме, но тоа не беше доволно бидејќи за победа над екипата каква што е Барса е потребно и грешките да се сведат на минимум“, истакна вардаровиот тренер, Роберто Гарсија Парондо по средбата.

Најзабележителен поединец на средбата беше Дика Мем, стрелец на осум гола за гостите од Шпанија, по четири додадоа Лудовик Фабрегас и Каспер Мортенсен. Вардар беше предводен од Тимур Дибирив кој го заврши мечот со шест реализации, една повеќе од Даинис Кристопанс, четири даде Иван Чупиќ. Отсечен во нападот беше Стојанче Стоилов.

Лига на шампиони, 7 коло

Група А

Вардар – Барселона 26:30

Кристијанстад – Веспрем 32:29

Мешков Брест – Кјелце 26:35

Рајн Некар Левен – Монпелје 37:27

Табела: Барселона 12, Рајн Некар Левен 10, Кјелце 10, Вардар 10, Веспрем 6, Мешков Брест 4, Кристијанбстад 3, Монпелје 1.

Група Б

Скјерн – ПИК Сегед 26:29

ППД Загреб – Целје 24:22

ПСЖ – Фленсбург 29:28

Табела: ПСЖ 14, ПИК Сегед 12, Нант 7, Фленсбург 6, Скјерн 5, ППД Загреб 5, Целје 4, Мотор Запорожје 3.

Група Ц

Татран Прешов – Бешикташ 27:23

Чеховски Медведди – Бјерингбро 24:30

Металирг – Спортинг Лисабон 24:31

Табела: Бјерингбро 12, Спортинг Лисабон 10, Татран Прешов 10, Чеховски Медведи 4, Бешикташ 4, Металург 2.

Група Д

Рихимаен Кокс – Вакер Тун 31:29

Висла Плоцк – Елверум 30:28

Динамо Букурешт – Адемар Леон 35:30

Табела: Висла Плоцк 10, Динамо Букурешт 10, Адемар Леон 9, Елверум 8, Рихимаен Кокс 4, Вакер Тун 1.

Барселона Вардар Лига на шампиони ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.