Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

СJO: Јанакиески и Божиновски се подготвувале да избегаат како Груевски

0
By Нова ТВ on November 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 14, 2018 10:27

Притворот за  обвинетите во предметот „Титаник“ Миле Јанакиески и Кирил Божиновски е побаран  затоа што во текот на вчерашниот ден Специјалното јавно обвинителство (СЈО) добило информации дека тие се подготвуваат да избегаат на ист начин како и поранешиот премиер Никола Груевски, појасни пред судот обвинителката на СЈО  Лиле Стефанова на почетокот на денешното рочиште за „Титаник“.

-Во текот на вчерашниот ден добивме информации дека не само што Груевски се дал во бегство, туку дека на ист начин се подготвуваат да избегаат и Јанакиески и Божиновски, наведе Стефанова.

Таа побара од судот на Груевски,  кој е исто така  е еден од обвинетите во овој предмет, да му се суди во отсуство

На поранешниот министер за транспорт и врски Јанакиески и на поранешниот генерален секретар на Владата Божиновски, им е определен притвор од 30 дена. Тие ноќеска беа спроведени во Истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.

Јанакиески и Божиновски се обвинети во неколку предмети на СЈО за кои се водат судски постапки.

Нивното приведување следува по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија каде што побара политички азил. Гриевски во петокот требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казан за случајот „Тенк“. По него е распишана меѓунардона потерница.

Јанакиески вчера за ТВ 21 изјавил дека најостро го осудува бегството на Никола Груевски, бидејќи како што рече, ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети.

Јанакиески вчера рече дека не планира да бега од Македонија и дека моментално е во Скопје, најави и ќе се појави на денешното судско рочиште за предметот „Титаник“.

Тој бара од медиумите да информираат објективно и повика да се престане лицитирањето за идни притвори и притисок врз судот.

Божиновски Груевски Јанакиески притвор СЈО Стефанова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.