Роџер Федерер, по синоќешната победа над Кевин Андерсон во Лондон (6:4, 6:3), се избори за полуфинале на завршниот Мастерс во сезоната и на две победи е до 100. трофеј во неговата кариера. Швајцарецот, сепак, не оди толку далеку во размислувањата бидејќи, како што самиот вели, и Ѓоковиќ е во игра и во таква ситуација е секогаш да се дојде до целта.
„Мој фокус е полуфиналето. Прво треба да се мине таа фаза, па да се размислува за трофејот. Сè уште не го знам противникот во мечот за финале, но не заборавајте дека и Новак е присутен овде, а кога тој е во конкуренција, тогаш тежок е патот до трофејот. Стотата титула е далеку“, изјави Федерер.
На Мастерсот во Лондон денеска се играат мечеви од третото коло во групата „Лејтон Хјуит“ по кои ќе бидат познати полуфиналните двојки. Полуфиналисто засега се Роџер Федерер, Кевин Андерсон и Новак Ѓоковиќ, а за последното место конкурираат Александар Зверев и Марин Чилиќ.