Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полувреме драма, полувреме распад: Барса за 10 минути го уништи Вардар

0
By Нова ТВ on November 17, 2018 СПОРТ
Фото: ehfcl.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 17, 2018 20:46

Во прво полувреме се држеа, во второ се распаднаа. Едно полувреме донесе тензија и неизвессност, друго еднонасочен натпревар. Барселона го совлада Вардар со 34:26 (полувреме 16:15) дербито на осмото коло во групата А во ракометната Лига на шампиони што воедно беше прогласен и за меч на неделата на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

„Црвено-црните“ одлично парираа на домашниот состав во воведните 30 минути. Во голем дел од играта до паузата беа и во водство, а по враќање од соблекувалните како да излезе нов гостински тим на теренот. Каталонците фуриозно тргнаа по одморот, од минута во минута ја билдаа разликата, направија серија од 7:0 и го откажаа европскиот шампион од 2017 година од било каква надеж за расипување на славеничката атмосфера во „Блауграна“ за што на голот го имаа и расположениот голман Кевин Мелер.

Каспер Улрих Мортенсен со девет гола го предводеше нападот на Барса, Жилберто Дуарте реализира четири, а по трипати мрежата на Вардар ја тресеа Седрик Сораиндо, Аитор Бенгоечеа, Виктор Томас и Алекс Абело. Најефикасни „црвено-црни“ ракометари беа Кристијан Дизингер и Дмитри Киселев кои постигнаа по четири погодоци.

Со оваа победа, Барселона се зацврсти на чело на табелата во групата А со 14 бода пред Кјелце на второто место со 12 и Рајн Некар Левен и Вардар на третата, односно, четвртата позиција по 10 бода.

Наредниот викенд, Вардар го очекува ново гостување во Лигата на шампионите против Мешков Брест (сабота, 15 ч.)

Лига на шампиони

Група А, 8 коло

Барселона – Вардар 34:26

Кјелце – Мешков Брест 34:31

Веспрем – Кристијанстад 36:27

Монпелје – Рајн Некар Левен 31:26

Табела: Барселона 14,. Кјелце 12, Рајн Некар Левен 10, Вардар 10, Веспрем 8, Мешков Брест 4, Монпелје 3, Кристијанстад 3.

Барселона Вардар Лига на шампиони ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.