Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унгарската Влада најави дека нема да го екстрадира Груевски

0
By Нова ТВ on November 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 21, 2018 12:31

Унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Македонија, изјави денеска унгарскиот министер за правда Ласло Трочани.

– Груевски откако доби азил во Унгарија не може да биде испорачан во земја во која e цел на прогон, кажа Трочани во интервју за унгарската телевизија „Ехо“.

Унгарската служба за имиграција и бегалци вчера му одобри политички азил на Груевски, по кого Македонија распиша меѓународна потерница заради издржување на двегодишната затворска казна. Оваа одлука Груевски ја објави на својот Фејсбук профил.

Македонското Министерство за правда вчера до унгарските власти го достави и барањето за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија.

Што напишал Груевски во барањето за азил

Според пишувањата на унгарскиот весник „Маѓар идок“ кој  важи за близок до партијата на власт во Унгарија, Груевски првпат  бил сослушан од Управата за азил во Будимпешта на 12 ноември, каде ги објаснил причините за барањето на азил, а втор  пат изјава дал два дена подоцна на 14 ноември.

Поранешниот екс премиер Груевски во барањето за азил до унгарските власти навел дека животот му е во опасност и е жртва на политички прогон. Тој се повикува и на аболицијата на Иванов, писмото од Комисијата за дискриминација, но и дека СЈО работело под притисок.

Во решението за азил, унгарските власти потврдиле дека тој не смее да се врати во Србија и Црна Гора,  затоа што македонските власти имале  добри односи со овие две земји и ќе го испорачале назад.

Барањето за азил Груевски го поднел на 10 ноември во Унгарската Амбасада во Тирана, и во него напишал дека  „актуелната власт сака да го осуди без правни докази, злоупотребувајќи го Обвинителството и судскиот систем, а судиите донеле незаконска одлука“. Груевски се жали и од СЈО, кое против него покренало пет процеси. По 10 години власт  тој станал цел на многу криминалци кои се осудени во затвор. – тие чекаат да го убијат.

Груевски наведува и дека во случајот Тенк,  биле  ангажирани експерти за вештачење кои не биле овластени за тоа, а Судот под притисок на власта не ја прифатил аболицијата од Иванов, иако Врховниот суд во Грција донел одлука дека аболицијата се уште е на сила и одлучил да не ги екстрадира бегалците Грујоски и Бошкоски. Груевски го приложил и решението од  Комисијата за антидискриминација дека „судијката Добрила Кацарска го дискриминирала во случајот Тенк“.

Според унгарскиот весник , во барањето за азил Груевски напишал и дека добил понуда од блиски луѓе на премиерот  Заев, но тој ја одбил. „Кога се обидел да ја одложи казната, братот на премиерот Заев и главниот обвинител му рекле дека неговото барање ќе биде прифатено ако ги убеди пратениците од неговата партија да гласаат за уставните амандмани“ пишува весникот, циитирајќи делови од барањето за азил на Груевски.

азил Груевски екстрадиција министер за правда Трошани Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.