НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поднесени амандмани за азилот на Груевски во извештајот за Македонија

0
By Нова ТВ on November 23, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Групата на европските социјалдемократи и на зелените поднесоа амандмани за бегството на Никола Груевски во извештајот за Македонија, за кој ќе се гласа идната недела.

Извештајот за Македонија беше усвоен во Комисијата за надворешни работи пред неколку недели, но последниот развој на настаните со бегството на Никола Груевски во Унгарија ги наведе социјалдемократите и зелените да поднесат нови амандман во резолуцијата на известувачот Иво Вајгл, за која ЕП во пленарен состав ќе гласа на 29 ноември.

– Верува дека македонските законодавни процеси треба да продолжат во согласност со процедурите во земјата и Никола Груевски треба да одговара пред македонскиот судски ситем; ја повикува Унгарија, како земја членка на ЕУ, да го почитува владеењето на правото, кое е фундаментален принцип на Европската унија, за земјите-членки и земјите кандидати еднакво, и да го екстрадираат Никола Груевски во Скопје, очекува сите засеганти страни да се однесуваат строго согласно релевантните национални и меѓународни закони, истакнува дека овие судски процеси не треба да се политизираат, гласи амандманот на социјалдемократите.

– Тие во друг амандман бараат извештајот исто така да нагласи дека „по транспарентен судски процес, Никола Груевски е осуден од македонските судови за злоупотреба на функција на две години затвор, дека повеќе судови ја потврдија пресудата и одлуката влезе на сила откако ги искористија сите права на жалби, дека е обвинет во четири други кривични премети и пет други кривични истраги во кој тој е инволиварен се во тек“, пишуваат социјалдемократите.

Што се однесува до парламентарната група на зелените, тој е поднесен од страна на Јудит Саргентини, известувачката на Европскиот парламент за владеењето на правото во Унгарија и гласи:

-Ги повикува унгарските власт да ги дадат сите релевантни информации и потребни објаснувања кои се однесуваат на случајот со поранешниот македонски премиер Груевски кој избега од својата земја со тајна дипломатска поддршка од Унгарија за да избегне затворска казна; смета дека ова е случај на мешање во внатрешните работи на ПЈРМ и, посебно, чин на презир кон судството и владеењето на правото во оваа земја; ги нотира барањата за екстрадиција од страна на властите во Скопје и очекува Унгарија да се однесува стриктно согласно националните и меѓународните закони со тоа што ќе одговори позитивно на ова барање, стои во амандманот на Зелените.

Засега е неизвесно дали и кои од овие амандмани ќе бидат поддржани од европратениците идната недела, но извори во Европскиот парламент за МИА велат дека се очекува да има мнозинство за амандманот на социјалдемократите, вклучително и со гласови од Европската народна партија, освен, најверојатно, унгарските пратеници.

Амандманот на зелените се оценува „како помалку избалансиран“ и „преостар“ и за него потешко ќе било тешко да се добие поддршка од другите европарламентарци, велат извори од ЕП за МИА.

азил амандамни Груевски ЕП Извештај Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.