Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта го чека предлог законот за амнестија од независните пратеници

0
By Нова ТВ on November 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 27, 2018 08:22

Откако предлог-законот за амнестија за 27 април, поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вчера не го доби потребното мнозинство да биде ставен на дневен ред пленарна собраниска седница, независните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, најавија дека до координативното тело за помирување ќе достават свој предлог закон. Тоа се очекува утре, кога ова собраниско тело ќе ја одржи првата седница.

Независните пратеници најавија дека ќе бараат селективна амнестија, која нивната матична партија не ја поддржува, односно предлагаат целосна амнестија на индиректните учесници во немирите во Собранието лани на 27 април и преквалификација на обвинението на другите обвинети.

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов објаснувајќи го ставот на владејачката партија во врска со тоа што е прифатливо за нив во однос помирување и амнестија на учесниците на овој настан, вели дека треба да се  направи разлика помеѓу оние што нарачале и оние што извршиле насилство и оние кои биле во еуфорија во Собранието за време на настаните од 27 април.

Тој на прес-конференција во Собранието рече дека неговата партија го очекува предлогот на независните пратеници, за „насоките и формите за тоа како би се случувало помирувањето“.

Во однос на гласањето „против“ ставање на дневен ред на предлог-закон за амнестија на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Костадинов повтори дека мнозинството пратеници сметаат дека одговорност за насилството од 27 април мора да има.

– Не смее и не може да има амнестија за оние кои планирале, нарачале и извршиле насилство на 27 април, рече Костадинов.

За ВМРО ДПМНЕ, пак нивниот предлог кој не помина во Собранието, е начин за национално помирување.

Невенка Стаменковска објасни дека со овој предлог законот кој не помина во Собранието се опфатени сите лица за кои веќе има донесено првостепена судска одлука, но се уште ја немаат добиено одлуката од судот, потоа лицата кои се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок на РМ како и лицата кои се опфатени со обвиненија за учество во толпа и слично.

– Законот предвидува вистинско национално помирување за сите кои учествувале во настанитеод 27 април, а не селективно помирување како што сакаат да направт премиерот Заев и парламентарното мнозинство преку т.н Комисија за помирување. Игор Дурловски, Владо Јовановски, Борис Дамовски не се и не можат да бидат терористи, ниту вработените во МВР. Целта на законот е национално помирување и враќање на нормалните текови во државата. Ги повикуваме сите пратеници од парламентарното мнозинство да дадат поддршка за законот за амнестија, конечно да завршат поделбите во македонското општество и да ја вратиме државата во нормлана насока и да се концетрираме на висниските проблеми кои ги мачат граѓаните, рече Стаменковска.

Собраниското кородинативно тело за помирување и интеграција својот прв состанок ќе го одржи утре. На седницата, како што информираат претставници на осумтемина пратеници од  независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да бидат изнесени размислувања во врска со содржината на законот за помирување за настаните од 27 април во  Собранието.

Ќе ги соочиме фактите, велат пратениците и посочуваат дека се уште траат консултациите со правниците во врска со овој закон за помирување. Во среда седница ќе има, но не значи дека на неа ќе помине некаков текст на закон за помирување, нагласуваат од оваа пратеничка група.

Координативното тело што го предводат потпретседателката на Собранието, Фросина Ташевска Ременски и Емилија Александрова од независната пратеничка група брои 25 членови меѓу кои потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ и претставници на независните пратеници и партиите кои немаат пратенички групи.

Дали ваков закон за помирување ќе има поддршка од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе зависи од тоа што ќе биде понудено, посочуваат пратеници од оваа пратеничка група без разлика на тоа што не учествуваат во работата на координативното тело. 

ВМРО-ДПМНЕ Костадинов независни пратеници предлог закон за амнестија СДСМ Стаменковска Тело за помирување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.