Европското првенство во ракомет за жени не почна според очекуваното и посакувано сценарио на Франција. Домаќинот на турнирот беше непријатно изненаден во Нанси од олимпискиот првак Русија во премиерниот меч од групата Б. „Зборнаја“ славеше со 26:23 (полувреме 11:11) благодарение на одличната игра во одбрана и офанзивниот ефект на Дарија Дмитриева и Дарија Самохина.
„Пресреќни сме со победата, но ова е само прв натпревар. Турнирот е многу долг. Сакам да му порачам на францускиот тим да не очајува, се е пред француските ракометарки. Ние имавме повеќе среќа на стартот“, изјави рускиот селектор, Евгениј Трефилов по натпреварот.
Одлучувачката предност Русинките ја направија кон средината на второто полувреме и стекната разлика успеаја да ја задржат до крај.
Дарија Дмитриева со осум гола и Дарија Самохина со седум ја предводеа руската селекција, лидер во тимот на Франција беше Орлан Кано со шест погодоци.
ЕП во ракомет (ж), 1 коло
Група А (Нант)
Србија – Полска (петок, 18 ч.)
Данска – Шведска (петок, 21 ч.)
Група Б (Нанси)
Франција – Русија 23:26
Црна Гора – Словенија (петок, 21 ч.)