Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Препорака на Флекенштајн: Преговорите ЕУ – Албанија да почнат во јуни

0
By Нова ТВ on December 2, 2018 СВЕТ
Фото: europeanwesternbalkans.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 2, 2018 19:27

Ако Албанија во јуни 2019 година не ги отвори преговорите за членство во Европска унија, според известувачот за Албанија во Европскиот Парламент, Кнут Флекенштајн, тоа ќе има негативни последици не само за регионот туку ќе се изгуби довербата во институциите на Унијата.

Флекенштајн за албанската телевизија „Клан“ истакна дека со извештајот што го подготвил за текот на реформите во Албанија, кој минатата недела доби согласност од ЕП, се бара да се испрати порака до Советот на министри на ЕУ.

„Клучната порака за Албанија е: Продолжете вака, но исто така има и некои сфери во кои би сакале да видиме повеќе резултати. Истовремено е упатена порака и до Советот на министри, дека ние се држиме до нашата одлука и ја поддржуваме Европската комисија да ги отвори преговорите и бараме од нив тоа да се случи следната година. Ако ова не се случи, нема да има негативни последици само за регионот туку и за европските институции. Ако тие се недоверливи, тогаш заборавете ги“, посочи Флекенштајн.

Во однос на правосудниот систем и испразнетите работни места, известувачот за Албанија наведе дека процесот на проверка на потеклото на имотот и нивната вмешаност во криминални активности за обвинителите и за судиите треба да продолжи како и да се пополнат испразнетите работни места во овој систем.

„Јас разбирам дека ситуацијата е тешка, но тоа може да се случи во една ваква преодна фаза. Сите проблеми не може да се решат одеднаш. За тоа е потребна трпеливост. Од друга страна, апсолутно е неопходно судовите и обвинителствата да функционираат и испразнетите работни места да бидат пополнети“, потенцира Флекенштајн.

Инаку, повеќе месеци не функционираат Уставниот и Врховниот суд на Албанија, а недостиг на кадар се чуствува и во судовите и обвинителствата.

Албанија ЕУ Кнут Флекенштајн преговори членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.