НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Презентирани превентивни препораки и мерки за аерозагадувањето

0
By Нова ТВ on December 7, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога концентрацијата на ПМ 10 честичките во воздухот е над 100 микрограми на метар кубен во два последователни дена треба да се ограничи движењето и активностите на отворен простор посебно на децата, хронично болните, на пациентите со кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, на тие преживеале мозочен удар и сите кои професионалниот ангажман го извршуваат на отворен простор. Граѓаните треба да јадат храна која содржи антиоксиданси, зеленчук и овошје, а хронично болните редовно треба да ја земаат препишаната терапија.

Ова се некои мерки и препораки во врска со аерозагадувањето на кои денеска на прес-конференција укажа министерот за здравство Венко Филипче, кој истакна дека борбата против аерозагадувањето е еден од приоритетите на Владата и на Министерството за здравство. Квалитетната и здрава животна средина, посочи, е еден од основните предуслови за квалитетен живот на сите граѓаните.

Тој потсети на мерките кои беа препорака од Министерството за животна средина и просторно планирање во врска со тоа да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да не користи прегорено отпадно масло за затоплување простории, лакирани или обоени отпадоци од дрво, метал, стиропор, пет амабалажа, парчиња гума или друг синтетски материјал и правилно да се користат печките.

– Свесни сме дека овој проблем се провлекува со години. Во текот на зимските месеци има огромна загаденост на воздухот посебно во некои градови и при тоа се погодени некои ризични групи. Доколку концентрацијата на ПМ честичките во воздухот надмине 200 микрограми на метар кубен ќе излеземе со дополнителни мерки, а во смисла на ослободување од работните обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронични болести, пред се белодробни заболувања, астма, лицата со преживеан миокарден инфаркт или мозочен удар и без оглед на возраста ќе дојде во предвид и реорганизирање на работното време, рече Филипче.

Потенцира дека во овој момент ги прават последните подготовки за почнување на постапката за набавка на заштитни маски кои ќе бидат поделени на хронично болните и на други групи граѓани.

– Треба да се набават околу 50.000 маски. Со секторот за примарна и болничка заштита во Министерството работиме на изнаоѓање на најпрактичниот и најдобриот начинот како да се поделат, рече Филипче и додаде дека веднаш кога ќе ги набават ќе ги поделат.

Доктор Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје рече дека треба да се избегнува физичка активност на отворен простор, а децата, хронично болните и старите лица, треба да го подобрат имунитетот, кој е важен во справувањето со инфекциите кои се накалемуваат поради загадувањето на воздухот. Посочи дека треба да се избегнуваат масовни собири.

– Институтот за јавно здравје воведува посовремени методологии во употребата на статистичките показатели од Заводот за статистика за смртноста и од здравствените институции за заболувањата, додаде Ѓорѓев.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа што е направено за да се намали згадувањето, Филипче рече дека станува збор за проблем кој се провлекува многу години наназад и дека се свесни дека за да има вистински ефект и резултати треба да се почне со работа.

– Оваа Влада токму тоа го прави и како еден од приоритетите ја стави борбата против аерозагадувањето и се предлагаат низа мерки за тоа како да се почне за да се влијае на причините. Како Министерство за здравство имаме обврска да укажеме и од стручен аспект. Свесни сме е тоа проблем долги години наназад. Во овој момент кога директно се соочуваме со овој проблем, ние како Министерство за здравство и Институтот за јавно здравје навистина не можеме да направиме ништо повеќе освен да излеземе со мерки и совети до граѓаните. Преземаме максимално се што можеме, додаде Филипче.

Ѓорѓев Загадување ИЈЗ превентивни мерки Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.