Салцбург, Ајнтрахт Франкфурт со максимален ефект во мечевите по групи се пласираа во шеснаесетфиналето во Лига Европа, нокаут пресметки без пораз обезбеди и Челзи, но меѓународната сцена на пролет останува посиромашна за два континентални гиганта. Милан и Глазгов Ренџерс не успеаја да се протнат низ групната фаза.
Олимпијакос ги совлада „росонерите“ со 3:1 во највозбудливиот натпревар од шестото, последно, коло во групата Ф. Сите четири гола во Пиреја беа постигнати во второто полувреме, во периодот од 60. до 80. минута пришто Кристијан Запата ги погоди двете мрежи. Во 70. минута ја затресе сопствената за две минути подоцна и противничката што на крајот се покажа како единствено нешто што успеаја да направат гостите од Милано.
Останатите два погодока за грчкиот состав ги потпишаа Папе Абу Сисе во 60. минута и Константинос Фортунис во 81. минута од пенал. Во вториот меч во групата Дуделанж и Бетис одиграа без голови, па аутсајдерот од Луксембург испиша историја освојувајќи прв бод во групна фаза во натпреварување на УЕФА.
Шкотската Премиерлига ќе биде во фокусот на Глазгов Р. во вториот дел од сезоната. Рапид триумфира над „ренџерси“ со 1:0 во директниот судир за второ место во групата Г и ги исфрли од игра за трофејот во второто по ранг натпреварување на УЕФА. Победникот на „Алијанц арена“ во Виена го реши Дејан Љубичиќ во 84. минута од средбата.
Салцбург ја мина групната фаза со стоотстотен ефект. Австрискиот бундеслигаш на импресивен начин ја комплетира мисијата, откако славеше и на гостувањето кај Селтик со 2:1 за потврда на доминацијата во групата Б. Идентичен ефект забележа и Ајнтрахт Франкфурт во групата Х по победата над Лацио во Рим со 2:1. Без пораз, но со едно реми во шеснаесетфиналето во Лига Европа се пласира Челзи. По петте победи во низа, „сините“ од „Стемфорд Бриџ“ ремизираа (2:2) против Види МОЛ на Бобан Николов во Унгарија. Македонскиот репрезентативец беше стартер кај домашната екипа и одигра цел меч со ривалот од Лондон.
Лига Европа
Резултати, 6 коло
Група А
Лудогорец – Цирих 1:1
АЕК Ларнака – Баер Леверкузен 1:5
Табела: Баер Леверкузен 13, Цирих 10, АЕК Ларнака 5, Лудогорец 4.
Група Б
Селтик – Салцбург 1:2
Лајпциг – Розенборг 1:1
Табела: Салцбург 18, Селтик 9, Лајпциг 7, Розенборг 1.
Група Ц
Славија Прага – Зенит Санкт Петербург 2:0
Копенхаген – Бордо 0:1
Табела: Зенит Санкт Петербург 11, Славија Прага 10, Бордо 7, Копенхаген 5.
Група Д
Динамо Загреб – Андерлехт 0:0
Спартрак Трнава – Фенербахче 1:0
Табела: Динамо Загреб 14, Фенербахче 8, Спартак Трнава 7, Андерлехт 3.
Група Е
Арсенал – Карабаг 1:0
Спортинг Лисабон – Ворскла 3:0
Табела: Арсенал 16, Спортинг Лисабон 13, Ворскла 3, Карабаг 3.
Група Ф
Олимпијакос – Милан 3:1
Дуделанж – Бетис 0:0
Табела: Бетис 12, Олимпијакос 10, Милан 10, Дуделанж 1.
Група Г
Рапид Виена – Глазгов Ренџерс 1:0
Вилјареал – Спартак Москва 2:0
Табела: Вилјареал 10, Рапид Виена 10, Глазгов Ренџерс 6, Спартак Москва 5.
Група Х
Лацио – Ајнтрахт Франкфурт 1:2
Олимпик Марсеј – Аполон 1:3
Табела: Ајнтрахт Франкфурт 18, Лацио 9, Аполон 7, Олимпик Марсеј 1.
Група И
Генк – Сарпсборг 4:0
Бешикташ – Малме 0:1
Табела: Генк 11, Малме 9, Бешикташ 7, Сарпсборг 5.
Група Ј
Ахисар – Стандард Лиеж 0:0
Севилја – Краснодар 3:0
Табела: Севилја 12, Краснодар 12, Стандард 10, Ахисар 1.
Група К
Динамо Киев – Јаблонец 0:1
Рен – Астана 2:0
Табела: Динамо Киев 11, Рен 9, Астана 8, Јаблонец 5.
Група Л
Види МОЛ – Челзи 2:2
ПАОК – БАТЕ Борисов 1:3
Табела: Челзи 16, БАТЕ Борисов 9, Види МОЛ 7, ПАОК 3.