Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самит на ЕУ: Орбан е извор на лажни вести

0
By Нова ТВ on December 15, 2018 СВЕТ
Фото: ЕПА (Самит Рига Архива)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 15, 2018 10:32

Виктор Орбан е извор на лажни вести, изјавија денеска претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и белгискиот премиер Шарл Мишел.

Шефовите на држави на ЕУ на денешниот самит усвоија заклучок во кој се подвлекува важноста на борбата против дезинформации и лажни вести.

– Некои премиери кои се овде на масата на Европскиот совет се извор на лажни вести, рече Јункер.

Тој го дообјасни своето тврдење:

– Кога господин Орбан, на пример, вели дека јас сум причина на Брегзит, тоа е лажна вест. Кога вели дека мигрантите се одговорни за Брегзит е исто така лажна вест, додаде Јункер.

Белгискиот премиер ја поврза темата со миграцијата со лажните вести. Познато е дека Договорот на Обединетите нации за миграција ги подели земјите членки на ЕУ. Некои од нив, како Унгарија, Полска, Бугарија или Австрија, одбија да го потпишат иако учествуваа во неговата подготовка на ОН. Под овој притисок и белгиската влада стана малцинска бидејќи фламанскиот националистички партнер партијата НВА одби да биде дел од влада што става потпис на овој договор.

За Мишел, одбивањето на овој корисен договор, е последица на лажни вести и манипулација.

– Во рамките на овој договор имаше оркестрирани кампањи на манипулација чијашто цел е дестабилизација на европскитедемократии, наведе Мишел и додаде дека повеќе европски земји се соочени со иницијативи што ја уништуваат демократската дебата и ја прават покомплицирана можноста за секој од нас да биде коректно информиран за општестевените теми.

Мишел смета дека ЕК треба да отвори истрага за можни операции за дезинформирање и да ги санкционира сторителите.

На истиот состанок, односот кон мигрантите исто така го натера белгискиот премиер да го заостри тонот кон Унгарија, Чешка, Словачка и Полска, четирите земји кои не го почитуваат договорот од Даблин според кој, секоја земја членка на ЕУ, треба да прими одреден број мигранти распределени според големината на земјата. И им се закани со исклучување од шенген зоната доколку продолжат со негативниот однос кон феноменот на миграцијата.

– Имав прилика јасно да кажам дека некои избираат да спречат било каква реформа на регулативата од Даблин и тоа, се разбира, отвора дебата на територијата на шенген зоната. За оние што не разбираат: кога со инаети постојано и систематски, одбиваат да покажатминимум солидарност, се поставува прашањетоза нивното останување во Шенген зоната, истакна рече Мишел.

Земјите за кои зборуваше Мишел се исто така корисници на европските фондови

– Вие не можете да ја сметате ЕУ за машина за пари која го фаворизира вашиот развој, а од друга страна, да не покажете солидарност со миграцијата, инсистираше Мишел.

На ова унгарскиот премиер изјави дека Унгарија денеска „била нападната од повеќе земји членки за миграцијата“.

– Тие тргнаа со уште еден напад за да се осигураат дека нивната цел, доаѓањето на мигрантите во ЕУ, ќе биде одобрена. Ние го одбивме тој напад, рече Орбан.

ЕУ Јункер лажни вести миграција Мишел Орбан Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.