Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мукаетов разочаран: Во Кожани видов недисциплина, незалагање и злоупотреба од некои ракометари

0
By Нова ТВ on December 18, 2018 СПОРТ
Фото: gol.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 18, 2018 01:24

Живко Мукаетов за првпат јавно проговори за срамниот пораз на машката репрезентација во Кожани од Грција во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја отвори душата пред членовите на Управниот одбор (УО) и новинарите на последната седница во Скопје. Притоа не поштеди никого (ракометари и стручен штаб) во своето излагање и споделување на горчливите впечатоци од резултатскиот дебакл кај јужниот сосед.

„Поголем срам од Кожани немам доживеано во мојот мандат. Поразот од Грција е потежок и оној од Тунис на квалификацискиот турнир во Гдањск. Виновни се сите кои беа таму. И играчи и стручен штаб. Не правам поделби на млади и возрасни. Но, таму видов евидентна недисциплина, видливо незалагање и злоупотреба на монополот што поединци го го држат на одредени позиции. Тоа е непочитување на федерацијата, кон навивачите и сопствената држава“, нагласи Мукаетов пред членовите на УО.

Победата над Турција во Битола ја оцени како резултат на амбиент, но поуки не се извлекле, па три дена подоцна се случи шокантниот пораз од аутсајдерот во групата, Грција. Па, јавно, пред присутните, се запраша дали вреди да сето тоа што се работи кога нема поддршка од другата страна.

„Срамот од Кожани не може да се избрише, но барем да биде мотивација за она што нè очекува во јануари, а тоа е Светското првенство во Германија“, рече, меѓудругото, Мукаетов.

Селекторот Раул Гонзалез го објави списокот со ракометари на мундијалот во Германија и Данска. Вообичаено, како и неколкупати досега, е проширен со 28 играчи што ќе се филтрираат за време на подтотовките. Собирот е закажан на 19 декември во Скопје и ќе биде во некомплетен состав поради клупски обврски на дел од повиканите. Комплетирањето е најавено за четири дена подоцна (28 декември). Националниот тим ќе темпира мундијалска форма во главниот град, на 4 и 5 јануари е закажан двомеч со селекцијата на Србија и на 9 јануари ќе следува преселба во Германија.

Светското првенство ќе почне на 10 јануари и ќе трае до 27 јануари. Македонија ќе биде дел од групата Б во Минхен заедно со селекциите на Шпанија, на Хрватска, на Исланд, на Бахреин и на Јапонија.

Јапонците ќе бидат прв ривал на македонските ракометари на турнирот (11 јануари, 15.30 ч.), во второто коло е пресметката со Бахреин (13 јануари, 14 часот), во третото е дуелот со Хрватска (14 јануари, 18 ч.), претпоследното го носи судирот со Шпанија (16 јануари, 20.30 ч.) и во последното против Исланд (17 јануари, 18 ч.).

Живко Мукаетов ракомет репрезентација РФМ Управен одбор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.