НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Титаник: Адвокатите на бегалецот Груевски му го откажаа застапувањето

0
By Нова ТВ on December 19, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во претпладневниот дел на судското рочиште за случајот „Титаник“ се прикажуваа скенирани уплатници ПП-10 од физички лица со назнака донација ВМРО-ДПМНЕ на износи од шест до 60 илјади денари.

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефановска посочи дека тие се уплатувани на неколку исти датуми што се повторуваат и тоа на ист шалтер од исто лице, за што имаат и сведоци кои тоа го потврдуваат, како и дека некои уплатници имаат погрешни имиња, а точни матични броеви.

На почетокот на рочиштето беа изведувани материјални докази. Обвинителката Стефановска посочи дека има околу 5.900 материјални докази и оти со одбраната се согласни доказите да се прикажуваат на екран, а да се читаат само редните броеви под кои се поднесени.

Стефановска рече дека првата група докази се однесуваат на злосторничко здружување и дејствијата преземени во 2011 година. Појасни дека станува збор за злоупотреба на средства за политичка кампања. Беа изведени фактури од фирмите „ДВД ПЕТ”, „Трансмет”, „Секјуриком мултисервис интернационал”, „Полијестердеј”, одземени при претрес во 2017 година, а се однесуваат на периодот 2011-2015 година.

Во судницата беа прикажани и прегледи по налози од аналитички картички, за кои, Стефановска објасни дека покажуваат за тоа како се трошени парите, претходно внесени со уплатниците. Најголем дел од нив се однесуваат на медиуми, како телевизии и радио станици.

Претседател на судечки совет е судијата Осман Шабани на почетокот на денешното рочиште констатира дека од адвокатите на обвинетиот Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, бил известен дека го откажуваат полномошното за негово застапување во постапката.

Судијата Осман Шабани објави пауза и рочиштето продолжува во 13 часот.

Во „Титаник“, покрај Никола Груевски, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

„Титаник“ адвокати ВМРО ДПМНЕ Груевски донации уплатници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.