НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Игор Југ и Јане Ченто до Кацарска: Не бараме амнестија, Вие пресудете

0
By Соња Петрушевска on December 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинетите за насилствата на 27 април 2017, Јане Ченто и Игор Југ нема да поднесат барање за амнестија.

Во судницата на денешното рочиште Јане Ченто и се обрати на судијката Кацарска и рече: „Имам целосна доверба во вас, време е да покажеме дека сме правна држава и дека судот е независна власт. барање за амнестја нема да поднесам, вие пресудете ми“, рече Ченто.

Тој нагласи дека освен судот никој друг нема право некого да помилува.

,,Сакам правда“, кажа Ченто.

И обвинетиот Игор Југ кажа дека нема да поднесе барање за амнестија.

„Ќе ја докажам правдата пред вас кои сте единствено легитимна да одлучува за нашата невиност“, кажа Југ обраќајки и се на судијката Кацарска.

Судијката Кацарска напомена дека Судскиот совет не одлучува и нема надлежност за амнестијата.

Дополнителни докази предложи одбраната на обвинетите Крсто Мукоски, Митко Чавков, Душко Лазаров, Мунир Пепиќ, Игор Југ и Александар Василевски Нинџа, но судијката Добрила Кацарска кажа дека  добила известување од УБК дека доказите на Пепиќ не се декласифицирани, а доказите предложени од Нинџа не се прибавени на законит начин.

Судот денешното рочиште го одложи за одбраната на Митко Чавков да може да се подготви за изведување на предложените докази.

Судијката Добрила Кацарска најави дека Судечкиот совет на утрешното рочиште ќе се произнесе дали ги прифаќа дополнителните докази предложени од обвинетиот Игор Југ, а во однос на околу стотината аудио разговори и фотографии предложени од обвинетиот Александар Василевски Нинџа, рече дека тие не се прибавени на законит начин и судот нема да може да ги прифати како докази.

27 април амнестија Југ кацарска Ченто
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.