Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Блумберг: Балканот да се држи подалеку од дофатот на Путин

0
By Нова ТВ on December 21, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 21, 2018 09:42

Ова би требало да биде време на оптимизам за државите од поранешна Југославија, пишува агенцијата Блумберг во текст насловен „Балканот да се држи вон дофат на  Путин“.

Агенцијата тврди дека добрите вести на Балканот се непожелни за рускиот претседател затоа што „значат јакнење на врските на регионот со Западна Европа“.

Блумберг потсетува дека Црна Гора стана 29 членка на НАТО, дека Македонија работи на решавање на спорот за името со Грција, дека во БиХ годинава општите избори поминале помирно во однос на 2014, и оти напредуваат мировните преговори за Косово, иако не се одржуваат регуларно.

– За Владимир Путин, меѓутоа, сето тоа се несакани вести кои одразуваат стабилизација на Балканот и јакнење на неговите односи со Западна Европа. Рускиот претседател смета дека тоа што западните земји го прегрнуваат Балканот е дел од напорите да се опколи Русија и да и се одземе местото на светска сила. Москва затоа ги вложува сите напори за да застане на патот на тоа, тврди Блумберг.

Во текстот се спомнуваат наводните акции на Русија за кои се тврди дека претставуваат проблем за Европа и Балканот затоа што го дестабилизираат југоисточниот дел на континентот и се укажува на чекорите кои би требало да ги направи ЕУ.

Како еден од нив се наведува дека ЕУ би требало да ги охрабри мировните преговори меѓу Белград и Приштина со тоа што ќе помогне да се реши несогласувањето на двете земји околу контроверзните нови такси на увоз на стока, а можеби би можела и финансиски да поддржи фонд за процес на помирување како што направи за Северна Ирска.

Блумберг тврди дека Путин му помогнал на Милорад Додик да победи на изборите и да добие едно од трите места во Претседателството во БиХ со тоа што се сретна со него пред изборите, дека руската хакерска група „Фенси бер“ наводно се обидела да изврши кибер напад врз црногорското Министерство за одбрана и оти „руската кампања за ширење дезинформации“ помогнала за малата излезност на референдумот за името на Македонија.

Се наведува и дека Русија во Србија формирала „наводно хуманитарен центар“ за кој САД тврдат дека претставува параван за шпионажа.

Блумберг, меѓутоа, оценува и дека Европа „ненамерно го зајакнала влијанието на Русија држејќи ги балканските земји во неизвесност за членството во ЕУ“.

Во тој контекст наведува дека Србија и Црна Гора би можеле да и се приклучат на ЕУ веќе во 2025 година, но оценува дека изгледа оти на европските лидери не им се брза да реагираат.

Блумберг потсетува дека францускиот претседател Емануел Макрон неодамна рече дека сите изгледи за проширување на ЕУ треба да се одложат на неодредено време додека не дојде до „продлабочување и подобро функционирање на Европската унија“.

Агенцијата оценува и дека американскиот претседател Донал Трамп само ги влошил работите кога претходно годинава Црногорците ги нарече „многу агресивен народ“.

Блумберг смета дека Европа би можела да вложи напори и да се спротивстави на „руската пропаганда во борбата против корумпирањето влади, како што направија САД минатата година со пакет од седум милиони долари“.

Според агенцијата, НАТО би можел со балканските држави да ја сподели својата стручност во борбата против хакерските напади, би можел да организира големи воени вежби и вежби за намалување на последици од катастрофи и со земјите кои не се членки на Алијансата, а не само со Црна Гора.

– Најпосле, не треба да се потценува значењето на официјалните посети на високи европски и американски функционери. Во борбата против руската пропаганда секој вид на морална поддршка од Западот е многу корисен. За да го продолжи напредокот кон мир и стабилност, на Балканот му требаат уверувања дека САД и Европа нема да го остават ранлив на манипулациите на Путин, заклучува Блумберг.

балкан Блумберг Путин руско влијание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 22, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

ВЕСТИ April 22, 2026

Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии. Законот треба…

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.