Столе Димитриевски ја доби македонската пресметка во шпанското фудбалско првенство. Неговиот Рајо Валјекано го совлада Леванте со 2:1 во мечот за заокружување на 17. коло во Примера во кој освои и три големи бода во борбата за опстанок што ја очекува екипата од „Кампо де фудбол де Валјехас“ во Мадрид.
Творци на, само, третиот триумф во сезоната на претпоследниот тим на табелата беа Тоно (автогол) во 23. минута и Де Томас во 67. минута, Рочина го постигна единствениот за гостите од Валенсија.
Димитриевски беше стартер во составот на Рајо Валјекано и одигра цел меч. Стартуваше и Барди за Леванте и од игра беше повлечен во 78. минута.
Барди во петокот беше прогласен за најдобар македонски фудбалер во странство за 2018 година во изборот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), но денешните клупски обврски го спречија да присуствува на свеченоста во Македонскиот народен театар (МНТ).
Примера, 17 коло
Рајо Валјекано – Леванте 2:1
Легањес – Севилја 1:1
Валенсија – Уеска 2:1
Атлетик Билбао – Валјадолид 1:1
Барселона – Селта 2:0
Атлетико Мадрид – Еспањол 1:0
Бетис – Еибар 1:1
Реал Сосиедад – Алавес 0:1
Џирона – Хетафе 1:1
Мечот Вилјареал – Реал Мадрид е одложен за 3 јануари поради настапите на „кралевите“ на Светското клупско првенство.
Табела: Барселона 37, Атлетико Мадрид 34, Севилја 32, Реал Мадрид 29 (-1), Алавес 28, Бетис 26, Хетафе 25, Валенсија 22, Џирона 22, Леванте 22, Селта 21, Валјадолид 21, Еибар 21, Еспањол 21, Реал Сосиедад 19, Легањес 19, Атлетик Билбао 16, Вилјареал 15 (-1), Рајо Валјекано 13, Уеска 8.