Фудбалската репрезентација на Јордан се погрижи за сензација на стартот на 17. издание на Азискиот Куп 2019 чиј домаќин се Обединетите Арапски Емирати. Јорданците во премиерниот меч во групата Б ја совладаа Австралија бранител на титулата, со 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше 30 годишниот дефанзивец на Ал Фаисали од Аман, Анас Бани Јасен во 27. минута.
„Сокесоси“ ја презедоа играта и иницијативата по примениот гол, ја имаа топката во посед, креираа шанси, погодија статива, но не и противничиката мрежа до крај на средбата. Па, Австралијците ќе мора да се вадат за непријатниот пораз во дуелите со Сирија и Палестина, селекции што исто така се дел од Б конкуренцијата.
Комплетирано е првото коло во групата А во која домаќинот на турнирот, ОАЕ одигра 0:0 против Бахреин додека Индија го совлада Тајланд со 4:1.
Годинашното издание на Азискиот Куп е прво со 24 репрезентации што значи дека во ОАЕ во моментот е пола континент.
Азиски куп 2019 (ОАЕ)
Група А
Тајланд – Индија 1:4
ОАЕ – Бахреин 1:1
Група Б
Австралија – Јордан 0:1
Сирија – Палестина 0:0