Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија отвора на ракометното СП 2019: Ништо освен триумф над Јапонија

0
By Нова ТВ on January 11, 2019 ВЕСТИ
Фото: macedoniahandball.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 11, 2019 10:33

Македонија попладнево ќе има шеста увертира на Светските ракометни првенства, сите под водство на различни селектори. По дебито во 1999 година под водство на Драган Нишевиќ, во 2009 година со Илија Темелковски, во 2013 година со Звонко Шундовски, во 2015 година со Ивица Обрван и во 2017 година со Лино Червар, „црвено-жолтите“ влегуваат во нова мундијалска авантура со Раул Гонзалез. Ривал е Јапонија од 15.30 часот во „Олимпијахале“ во Минхен.

Шпанскиот стратег, кој пред две години го предводеше Вардар до сензационален триумф во Лигата на шампиони, во Германија поведе 18 ракометари од двајцата испрати на трибини за денешниот дуел со еден од двата азиски претставника во групата Б. Официјалниот протокол ќе биде без голманот на Стразбур, Златко Даскаловски и кружниот напаѓач на Металург, Милан Лазаревски.

Покрај нив двајца, дебитанти на СП во ростерот на „ел команданте“ се и Горан Крстевски, Филип Чурлевски, Марио Танкоски и Мартин Серафимов. Во селекцијата по подолго време ги нема дел од досега стандардните како Никола Маркоски, Немања Прибак, Ацо Јоновски, Филип Миркуловски, а нејзин лидер останува Кире Лазаров кој е единствен кој играше на првото СП во Египет и ќе игра и на тековното во Германија. Тој е главен адут во тимот и покрај возраста (38 години) и сè уште е најдобар стрелец на Светските првенства со 92 гола, рекорд што го влече од 2009 година во Хрватска. Три години подоцна постигна најмногу погодоци (61) и во Србија што го прават рекордер и на Европските првенства.

Македонија е фаворит во пресметката со Јапонците и се друго освен победа ќе претставува изненадување. Првото коло во групата Б ќе биде комплетирано со дуелите Исланд – Хрватска од 18 часот и Бахреин – Шпанија од 20.30 ч.

Светското првенство почна вчера со убедливи победи на ко-домаќините на турнирот. Германија во Берлин славеше над заедниќката селекцијата на Кореја со 30:19, Данска во Копенхаген си поигра со Чиле за убедливи 39:16 на крајот.

Титулата на СП 2019 ја брани Франција чија селекција ќе атакува на хет-трик на мундијалите. „Триклорите“ во финалето во 2017 година како домаќини ја поразија Норвешка со 33:26, а позлатеа и во 2015 година по триумфот над Катар, организатор на турнирот, со 25:22.

Освојувачот на СП ќе осигура директен пласман на олимписките игри во Токио во 2020 година додека селекциите од второто до седмото место ќе играат квалификации за најголемиот светски спортски настан наредното лето.

Јапонија Македонија ракомет репрезентација СП 2019
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.