Македонија ќе игра за 15 место на Светското ракометно првенство во Германија. Во полуфинаето за пласман од 13 до 16 позиција, „црвено-жолтите“ загубија од Русија 28:30 (полувреме 14:17) што е нивни четврти пораз во низа по трите во прелиминарната групна фаза од Хрватска (22:31), од Шпанија (21:32) и од Исланд (22:24).
Најефикасен на средбата беше Кире Лазаров со девет гола, Пешевски додаде пет против „зборнаја“ додека Никола Митревски забележа 17 интервенции. Прв стрелец во победничката селекција беше Дмитри Житников со осум погодоци.
Македонија утре од 13 часот во „Ланксес арена“ во Келн ќе игра со поразената репрезентација од дуелот меѓу Чиле и Катар.