Првите носители остануваат на Австралија опен и по третата рунда мечеви. Денис Шаповалов успеа да освои сет со Новак Ѓоковиќ, но ривалот едноставно беше преголем залак за него. Српскиот тенисер во целост го контролираше мечот и на крајот славеше со 6:3, 6:4, 4:6, 6:0 и во осминафиналето ќе игра со Русинот Медведев.
„Се обидов да бидам на мое ниво во што ми помогна и Денис кој направи неколку грешки, па релативно лесно дојдов до предност. Не ме изненади неговата добра игра, јас сум виновен што го вратив во мечот“, рече Ѓоковиќ кој ќе остане на чело на АТП ранг листата без разлика што ќе направи на гренслемот во Мелбурн.
Пласман меѓу најдобрите оствари и најдобрата тенисерка во моментот, Симона Халеп. Романката во третото коло на рутина ја елиминира Венус Вилијамс со 6:3, 6:2 за помалку од 80 минути за место во четврт-финалето ќе игра со нејзината помлада сестра, Серена Вилијамс.
„Тоа ќе биде поголем предизвик. Подготвена сум да се соочам и со неа“, порача Халеп.
Со настапи во Мелбурн продолжуваат и Александар Зверев (4 носител), Кеи Нишикори (8 носител), Борна Чориќ (11 носител), Милош Раониќ (16 носител) кај мажите и Наоми Осака (4 носителка), Елина Свитолина (6 носителка), Каролина Плишкова (7 носителка), Гарбиње Мугуруза (18 носителка) кај дамите.
Австралија опен, 3 коло
Мажи
Ѓоковиќ (1., Србија) – Шаповалов (25., Канада) 6:3, 6:4, 4:6, 6:0
А. Зверев (4., Германија) – Болт (Австралија) 6:3, 6:3, 6:2
Нишикори (8., Јапонија) – Соуза (Португалија) 7:6, 6:1, 6:2
Чориќ (11., Хрватска) – Краиновиќ (Србија) 2:6, 6:3, 6:4, 6:3
Карењо Буста (23., Шпанија) – Фоњини (12., Италија) 6:2, 6:4, 2:6, 6:4
Медведев (15., Русија) – Гофан (21., Белгија) 6:2, 7:6, 6:3
Раониќ (16., Канада) – Арбер (Франција) 6:4, 6:4, 7:6
Пуј (28., Франција) – Попирин (Австралија) 7:6, 6:3, 6:7, 4:6, 6:3
Жени
Халеп (1., Романија) – В. Вилијамс (САД) 6:2, 6:3
Осака (4., Јапонија) – Хсиех (Кинески Тајпеј) 5:7, 6:4, 6:1
Свитолина (6., Украина) – Жанг (Кина) 4:6, 6:4, 7:5
Ка. Плишкова (7., Чешка) – Џорџи (27., Италија) 6:4, 3:6, 6:2
Севастова (13., Летонија) – Ванг (Кина) 6:3, 6:3
Киз (17., САД) – Мертенс (12., Белгија) 6:3, 6:2
С. Вилијамс (16., САД) – Јастремска (Украина) 6:2, 6:1
Мугуруза (18., Шпанија) – Башински (Швајцарија) 7:6, 6:2