На протестот пред грчкиот Парламент, што е во тек и на кој има судири меѓу маскирани лица, веројатно припадници на екстремно десничарски групи и полицијата, од 14 часот учествуваат околу 60.000 лица, е проценка на грчката полиција. Во Атина пристигнале вкупно 326 автобуси од целата земја.
Група маскирани лица со грчки знамиња, веројатно припадници на екстремно десничарски групи се обидоа да го пробијат полицискиот кордон кај Споменикот на незнајниот јунак пред грчкиот Парламент.
Тие со предмети, шишиња и пиротехнички материјали ја нападнаа полицијата, која одговори со шок бомби и солзавец. Кон полицијата беа фрлани и бои.