Финалето на Австралија опен не донесе спектакл каков се очекуваше, но затоа донесе спектакуларна игра од Новак Ѓоковиќ кој како брз воз мина крај Рафаел Надал. Неговата игра е окарактеризирана како совршена од тениските авторитети ширум светот.
Ако недостасуваше забава на теренот, ја имаше на прес-конференцијата на Србинот по мечот. Реакција на седумкратниот шампион во Мелбурн на прашање на италијански новинар предизвика смеење во салата на што не можеше да се воздржи ниту самиот Ѓоковиќ. Видеото стана хит на социјалните мрежи низ кој се шири со брзина на светлината.
„Овој меч е на самиот врв. Кога ќе се земат предвид околностите и игра против Надал во финале на гренслем турнир, мислам дека е тотално неверојатно. Во полуфиналето и во финалето направив вкупно 15 неизнудени грешки што е изненадување и за мене лично. Отсекогаш верував дека можам да играм на ова ниво, во вакви околности. Ова беше совршен меч“, му одговори подоцна Ѓоковиќ.
Првиот светски рекет во моментот сега има 15 гренслем титули во кариерата, две помалку од Рафаел Надал. Рекордер е Роџер Федерер со 20.