НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанската полиција нема сознанија дека снимките за бегството на Груевски се избршани

0
By Нова ТВ on February 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот директор на албанската полиција, Арди Велиу одби да одговори на интересот на албанските новинари во врска со изјавата на македонскиот државен јавен обвинител Љубомир Јовевски дека албанските власти не ги доставиле снимките од камерите за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и оти тие наводно се избришани.

„Предмет на прес-конференцијата не е тоа прашање. Ние немаме информации за ова прашање“, изјавил Велиу за албанските медиуми.

Прес-конференцијата одржана во Тирана беше посветена на големата акција во која беа уапсени 32 лица меѓу нив и полициски службеник, кои се занимавале со недозволена трговија со луѓе од Албанија кон западно-европските земји и САД.

Телевизијата потсетува и на изјавата на обвинителот Јовевски дека „снимките не биле намерно скриени туку албанскиот систем за надзор ги отфрлил автоматски старите снимки“.

Само два дена пред изјавата на Јовевски, албанските медиуми објавија дека албанските власти на своите колеги во Скопје ќе им ги достават снимките од бегстсвото кои се обезбедени од сигурносните камери на грачните премини во кои е „снимен и моментот кога Груевски влегува во автомобил и ја минува границата меѓу Македонија и Албанија“ .

На 15 ноември албанската полиција соопшти дека на 11 ноември 2018 година во 19:11 часот Груевски излегол од Албанија преку преминот Хан Хоти во правец на Црна Гора, како патник во автомобил со регистарски ознаки CD1013A, сопственост на Амбасадата на Унгарија во Тирана.

Сепак, ниту тогаш, а ниту денес нема одговор каде Груевски ја минал македонско-албанската граница, освен шпекулациите дека тоа го направил преку официјалниот премин „Блато“ кај Дебар или нелегален премин во негова близина.

Инаку, медумите, без исклучок, отстапуваат простор и за интервјуто на Груевски дадено за телевизија Сител.

Албанија бегство Камери Никола Груевски снимки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.