Роџер Федерер ќе игра за титула на Мастерсот во Индијан Велс. До третото финале во низа во калифорниската пустина, вкупно деветто во кариерата, Швајцарецот стигна без борба, откако неговиот голем ривал Рафаел Надал реши да не излезе на терен.
Вториот светски рекет лани ја загуби титулата по поразот од Хуан Мартин дел Потро, а во 2017 година ја освои по победата на сонародникот Стен Вавринка.
Надал го образложи повлекувањето со болки во коленото. Тој се појави на централниот терен да почувствува дали ќе може по повредата што ја здоби во четврт-финалето со Карен Хачанов. Десетина минути притоа траеја консултациите на Шпанецот со членовите на стручниот штаб по што одлучи дека е подобро да не игра за да не ризикува влошување на состојбата.
Противникот на Федерер во финалето ќе биде познат вечерва по мечот меѓу Австриецот Доминик Тим и Канаѓанецот Милош Раониќ.