Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев телефонски побaрал од Меркел поддршка за почеток на преговорите

0
By Нова ТВ on April 4, 2019 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 4, 2019 16:04

Премиерот Заев вчера имал телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти владината прес служба.

Тој побарал од Меркел поддршка во врска со одлуката за почеток на преговорите со Северна Македонија која треба да ја донесе Советот на ЕУ во јуни.

„Со оглед на тоа дека државата има статус на земја кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, го склучи Договорот од Преспа и постигна резултати во поглед на реформските процеси, време е Советот на ЕУ да донесе позитивна одлука за отворање на пристапните преговори. Оваа одлука ќе претставува дополнително охрабрување за да се продолжи со реформите во Северна Македонија“ рекол Заев.

Владината прес служба наведе дека канцеларката Меркел го поздравила позитивниот развој на спроведувањето на Договорот од Преспа, како и спроведувањето на домашните реформи преку отворен дијалог со опозицијата, што, според неа, ќе донесе конкретни и позитивни резултати.

Двајцата се согласиле дека  посетата на грчкиот премиер Ципрас и заедничката владина седница се  историски момент и дека позитивниот развој на односите меѓу Северна Македонија и Грција ќе биде позитивен пример за регионот на Западен Балкан и тоа се добри вести за Европа.

Заев ја информирал канцеларката Меркел и за други политички настани во државата и за дијалогот со опозицијата во врска со реформите, каде се постигнати конкретни резултати со усвојувањето на нов закон за антидискриминација, формирањето на Антикорупциска комисија, како и реформи во безбедносните служби и јавната администрација. Дијалогот во врска со иднината на Специјалното јавно обвинителство е сѐ уште во тек.

Тој се заблагодарил на поддршката што Германија ја даваше во сите процеси, вклучително и надминувањето на спорот за името со соседна Грција, внатрешните реформи, а особено за економскиот советник што Германија го обезбеди со цел да ѝ помага на Владата.

 

 

 

Заев Меркел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.