Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Ja следиме јужната граница, подготвени сме и за поголем притисок

0
By Нова ТВ on April 6, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: slobodnaevropa.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 6, 2019 12:38

Ја следиме состојбата со мигрантите на јужната граница, подготвени сме да се соочиме и со зголемување на притисокот, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска. Како резултат на лажни вести, посочи, еден дел од бегалците кои биле стационирани во Грција мислеле дека балканската рута е отворена и заради тоа тргнале и кон нашата граница.

„Во текот на вчерашниот ден направивме консултации и Министерството за внатрешни работи, пред се, и ние како негова поддршка, сме подготвени да се соочиме и со зголемување на притисокот на границата. Тоа покажува дека е важно да се биде буден и подготвен“, изјави Шекеринска за време на НАТО трката во Скопје.

Како што дополни, состојбата се следи и не случајно таму имаме постојано армиско присуство што продолжи и во деновите во кои немаше ниту еден мигрант на границата. Сега, посочи, се гледа дека тоа бил оправдан чекор.

„Собранието неколкупати ја продолжуваше одлуката на границата да имаме и воена односно армиска поддршка дури и во периоди кога изгледаше дека опасноста поминала, меѓутоа и јас и министерот за внатрешни работи велевме дека во поглед на мигрантските кризи мора да се навикнеме на новата реалност, а тоа е дека таа опасност може да се создаде преку ноќ, и дека таа ќе биде најверојатно една од стандардните опасности и за нас, меѓутоа и за сите земји во регионот“, рече Шекеринска.

Во однос на барањата од турскиот министер за одбрана Хулуси Акар за преземање акција против припадници на Фето и дали тоа го загрозува нашето членство во НАТО, Шекеринска со одговор дека нема нови барања и нема што повеќе да каже од претходно кажаното од министерот за внатрешни работи.

„Се трудиме со секоја од земјите што долго време ни биле сојузници и го поддржувале нашето членство во НАТО да обезбедиме целосна поддршка на нашиот и да ги подобруваме нашите меѓусебни односи“, изјави министерката за одбрана Шекеринска.

армија граница Мигранти одбрана Радмина Шеќеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

ВЕСТИ May 21, 2026

Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена,…

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

May 21, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026
ТИКЕР

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.