Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: Беличанец е предадена на обдукција во Судска медицина

0
By Нова ТВ on April 7, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 7, 2019 11:36

Министерството за внатрешни работи за смртта на актерката Билјана Беличанец известува дека била  констатирана од екипа на Итната медицинска помош и по извршениот увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на Беличанец е предадено за обдукција во Судска медицина.

Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 година до 2017 година. Последните улоги ги имаше во претставите „Господа Глембаеви” и „Последните Македонци” во матичниот Драмски театар, а ќе остане препознатлива и по Туфи во ТВ серијалот за деца „Здраво генијалци“ од 90-тите. Нејзиниот препознатлив глас го користеше и за натсинхронизирање на турски серии.

Беличанец, меѓудругото, беше и Маргарет Флаерти во претставата „Заводникот од западниот свет“ во 1997 година, потоа Сузана во „Свадбата на Фигаро“ од 1998 година, на сцената се појави и како Софија Јегоровна во „Платонов“ во 1999 година, а истата година публика уживаше и во нејзиниот перформанс на Клариса де Бисоњози во „Арлекин – слуга на двајца господари“. Беше и Кинегонда во „Кандид во земјата на чудата“ во 2000 година и како Ерика Брукнер во „Мефисто“. Во „Тетовирани души“ во 2001 година ја имаше улогата на Маре.

Беличанец е родена на 25 јули во 1973  година во Скопје. Во 1994 година дипломираше како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Истата година се вработи во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп каде претежно играше главни улоги за кои доби многу награди и признанија. Во 1997 година се вработи во Драмски театар – Скопје.

Билјана Беличанец МВР Судска медицина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.