Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крај на лудилото на „Етихад“: Сити во аут, Тотенхем во полуфинале во ЛШ (Видео)

0
By Нова ТВ on April 17, 2019 СПОРТ
Фото: spox.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 17, 2019 23:29

Пирова победа на Манчестер сити во „лудиот“ фудбалски натпревар на „Етихад“. „Граѓаните“ победија со 4:3 против Тотенхем во реванш четвртфиналниот меч во Лигата на шампиони, но „спарси“ продолжуваат во полуфинале благодарние на минималниот триумф во Лондон во првата средба.

Ливерпул и на „Драгао“ го совлада Порто со 4:1 и се потврди како дел од најдобрата четворка во ЛШ и во оваа сезона. „Црвените“ од „Енфилд“ ќе играат со Барселона за место во големото финале на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, а Тотенхем ќе игра двомеч со Ајакс.

Премиерлигашката пресметка во шампионската лига на УЕФА понуди неверојатен вовед и четири гола за само 11 минути, а до 21. минута беше постигнат и петтиот. Двапати Рахим Стерлинг и еднаш Бернардо Силва погодија за тимот на Пеп Гвардиола, двата за гостите беа дело на Сон за уривање на рекордот на најбрзи пет постигнати погодоци што до вечерва беше во сопственост на екипите на Борусија Дортмунд и Легија Варшава.

https://www.youtube.com/watch?v=xIFvlw31_QQ

Серхио Агеро зголеми на 4:2 во второто полувреме и го поведе Сити кон полуфинале по фантастичниот продор и асистенција на Кевин де Брујн. Но, нов шок во синиот дел на Манчестер приреди Фернандо Љоренте во 73. минута за 4:3. Домашните реагираа за игра со рака на шпанскиот интернационалец, па судијата Чакир мораше на консултации со ВАР технологијата. Меѓутоа по неколкукратно прегледување на снимката, заклучи дека топката заврши зад грбот на Едерсон од колкот на напаѓачот на Тотенхем.

Екстра времето донесе нова „лудница“. Гол постигна Рахим Стерлинг што по прегледување на ВАР снимката беше поништен поради офсајд на Агеро за спласнување на еуфоријата на „Етихад“.

Лига на шампиони, четврт-финале, реванши

Манчестер сити – Тотенхем 4:3 ( прв меч 0:1)

Порто – Ливерпул 1:4 (0:2)

Двојки за полуфинале

Ливерпул – Барселона

Ајакс – Тотенхем

Лига на шампиони Манчестер Сити Тотенхем фудбал Четврт-финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.