Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Искупување за ЛШ: Фудбалерите на Сити плаќаат 26 автобуси за навивачи за ФА куп финалето

0
By Нова ТВ on April 18, 2019 СПОРТ
Фото: supersport.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 18, 2019 22:34

Фудбалерите на Манчестер сити решија да ги покријат трошоците за превоз на своите навивачи за финалето во ФА купот против Вотфорд во Лондон. Потегот на „граѓаните“ во тамошната јавност е протолкуван како обид за нивно искупување или додворување по елиминацијата од Тотенхем во четврт-финалето во Лигата на шампиони.

Од „Етихад“ најавија дека првотимците во составот на Пеп Гвардиола ќе платат за сите 26 автобуси колку што се планирани да тргнат кон „Вембли“ на 18 мај.

„Поддршката од напите навивачи во текот на целата сезона е неверојатна. Сè уште има за што да се бориме до крајот. Ова е наш начин за благодарност до нив“, порача Венсан Компани, капитен на екипата.

Белгискиот интернационалец притоа нагласи оти и тој и неговите соиграчи се свесни за издатоците на кои се изложуваат фановите за присуство на нивните натпревари.

„Трошоците за превоз и за влезници за премиерлигашките или за куп натпреварите без разлика дали играме на домашен или на гостински терен се скапи. Тоа го разбираат фудбалерите. Вака сакаме да помогнеме“, додаде стоперот на „граѓаните“.

Манчестер сити веќе ја освои титулата во Лига купот, а доколку во мај победат во Премиерлигата и во ФА купот, ќе завршат со тројна круна во сезона. Веруваа дека може да станат и прв англиски тим со четири трофеи во што ги спречи Тотенхем во четрвт-финалето во Лигата на шампиони.

автобуси Манчестер Сити навивачи ФА куп финале фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.