НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Зидојче цајтунг“: ЕУ и наградата за Северна Македонија

0
By Нова ТВ on April 30, 2019 ВЕСТИ
Фото: deutschlandfunk.de
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Европската Унија (ЕУ) уште е спорно колку брзо Владата во Скопје треба да биде наградена со почеток на пристапни преговори за улогата во спогодбата со Атина. Франција кочи затоа што претседателот Емануел Макрон бара прво реформа на ЕУ, пишува денеска германскиот весник „Зидојче цајтунг“.

Весникот во текстот „Нов импулс за балканската политика“ констатира дека средбата не понуди многу повеќе од „отворена дискусија“. Весникот се осврнува и на пофалбите упатени на адреса на Северна Македонија, но и неединството на ЕУ колку брзо земјата да биде наградена за своите постигања, пренесува Дојче веле.

„За регионот оптоварен со проблеми да му предочат и на позитивни развој, Меркел и Макрон ја пофалија Северна Македонија како пример за успешно решавање на конфликти. Таму владата по повеќегодишен спор со соседот Грција се договори во името на државата да биде додаден префиксот „Северна“. И тоа наспроти отпорот на националистите. Додавката на името го овозможува бараното разликување од грчката северна провинција Македонија“, пишува весникот.

„Зидојче цајтунг“ натаму наведува дека со тоа е отстранета огромна пречка на патот кон членство на Северна Македонија во НАТО и во ЕУ. Иако, во ЕУ сѐ уште е спорно колку брзо владата во Скопје треба да биде наградена за својата улога во спогодбата со Атина, посочува весникот.

ЕУ Зидојче цајтунг награда НАТО Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.