Актуелниот шампион и лидер во Премиер-лигата, Манчестер сити е најскап клуб во Англија според резултатите од финансиските истражувања, јавува „Би-Би-Си“. Вредноста на „граѓаните“ се проценува на 2,364 милијарди фунти или 277 милиони повеќе од градски ривал Манчестер јунајтед кој во текот на сезоната загуби 376 милиони и падна на второто место со 2.087 милијарди фунти.
Тотенхем е меѓу првите три најскапи клубови – 1.837 милијарди. По него следуваат Ливерпул и Челзи кои „тежат“ 1.615 милијарди фунти, петти е Арсенал со 1.368 милијарди фунти.
Останатите клубови значително заостануваат на оваа ранг листата. Најевтин клуб е Свонси со 167 милиони.