Рома ги задржа шансите да биде меѓу четирите италијански претставници во Лигата на шампиони во сезоната 2019/20. Римјаните во дербито на 36. коло во Серија А го совладаа Јувентус со 2:0 (полувреме 0:0) и останаа на шестото место со 62 бода колку и петтопласираниот Милан. Пред нив е Интер со бод повеќе, но и меч помалку (утревечер од 21 ч. ќе игра со Киево), а трета е Аталанта со 65. Сигурни учесници во наредното издание на УЕФА елитното друштво се Јувентус кој одамна го осигура новото Скудето и вицешампионот Наполи.
https://www.youtube.com/watch?v=74z865961Pg
„Старата дама“ допатува во Рим да игра за чест и за престиж, со оглед на одбранетиот трон. Наспроти нејзините фудбалери беше „волчицата“ која грчевито се бори за ЛШ и бодови ` беа од големо значење. На крајот успеа да ги сочува на „Олимпико“ со головите на Алесандро Флоренци во 79. минута по додавање на Един Џеко кој и самиот се впиша во листата на стрелци во втората минута од екстра времето.
Јувентус во наредното коло ќе игра уште еден дерби меч, против Аталанта во Торино додека Рома ќе гостува кај Сасуоло, а Милан ќе биде домаќин на Фрозиноне.
Серија А, 36 коло
Рома – Јувентус 2:0
СПАЛ – Наполи 1:2
Сампдорија – Емполи 1:2
Фрозиноне – Удинезе 1:3
Торино – Сасуоло 3:2
Фиорентина – Милан 0:1
Калјари – Лацио 1:2
Аталанта – Џенова 2:1
Болоња – Парма (понеделник, 19 ч.)
Интер – Киево (понеделник, 21 ч.)
Табела: Јувентус 89, Наполи 76, Аталанта 65, Интер 63 (-1), Милан 62, Рома 62, Торино 60, Лацио 58, Сампдорија 49, Сасуоло 42, СПАЛ 42, Калјари 40, Фиорентина 40, Парма 38 (-1), Болоња 37 (-1), Удинезе 37, Џенова 36, Емполи 35, Фрозиноне 24, Киево 15 (-1).