Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Баша: Еди Рама е криминалец и крадец без достоинство и чест

0
By Нова ТВ on May 25, 2019 СВЕТ
Фото: balkaninsight.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 25, 2019 11:26

Обединетата албанска опозиција вечерва на шести „национален протест“ што ќе почне во 19 часот пред Владата во Тирана. Лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, на синоќешниот собир во градот Бурел, рече дека Албанците се одлучни да ја земат судбината во свои раце. Во своето обраќање тој не го поштеди од обвинувања премиерот Еди Рама за кого рече дека „нема ниту достоинство, ниту чест“.

„Еди Рама, кримииналец, крадец, кој нема ниту достоинство, ниту чест. Доколку имаше тронка достоинство ќе си заминеше како што тоа го направија премиерите на Австрија и на Велика Британија. Помошта и придонесот на Германија и САД да ја решат кризата во земјава е неопходна, но за условот што се однесува на заминување на Еди Рама нема преговори“,порача Баша.

Тој посочи дека опозицијата нема да направи ниту чекор назад во „битката за живот или смрт“ и ги повика албанските граѓани што помасовно да присуствуваат на протестот кој е предвидено да трае четири часа.

Лидерката на втората по големина опозициска партија, Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, со многу посмирен тон од претходно побара од оние кои ќе протестираат „да се откажат од насилства и да протестираат на мирен и достоинствен начин“

Инаку, албанските власти ги преземаат сите мерки на безбедност. Владата и Парламентот се оградени со железни огради, а за безбедноста ќе се грижат околу 2.000 униформирани и цивилни лица.

Во меѓувреме се огласи и американската амбасада во Тирана, која ги предупреди своите граѓани во периодот кога се одржува протестот да бидат внмателни, да ги следат локалните медиуми и да го избегнуваат подрачјето каде ќе се задржува и движи толпата.

Албанија Еди Рама Лулзим Баша опозиција протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.