Торонто и Голден Стејт ќе разигруваат за шампионскиот прстен во НБА лигата за оваа сезона. Првото финале во клупската историја репторси го осигураа по победата над Милвоки со 4:2 во завршната серија во Источната конференција. Решавачкиот триумф го остварија ноќеска со 100:94 и на тој начин ги елиминираа бакси кои имаа 2:0 по двата воведни меча.
„Вориорси“, пак, кои се бранители на тронот, во западното финале го „исчистија“ Портланд со 4:0.
Големото финале во НБА лигата почнува во четврток, Торонто е домаќин на првата средба.