НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракометни херои со шампионски сјај: Втора европска круна за Вардар

0
By Нова ТВ on June 2, 2019 СПОРТ
EHF
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ракометарите на Вардар по вторпат ја покорија конкуренција во Лигата на шампиони. Во финалето на годинашното издание на Фајналфор турнирот во Келн, македонскиот првак го совлада унгарски Веспрем со 27:24 (полувреме 16:11). „Црвено-црните“ во полуфиналето беа подобри и од Барселона со 29:27. Во мечот за третото место, Каталонците славеа против Кјелце со 40:35. За најкорисен играч на завршниот турнир во „Ланксес арена“ е прогласен Игор Карачиќ.

Решителноста за успех на вардарци беше видлива од сам почеток. Жарот со кој влегоа момчињата, денеска во бело, се преслика во гранитно цврста одбрана и мирна, трпелива и игра со брзи комбинаторики во напад што носеа сигурни реализации. Двата лоба на Мораеш, неколкуте боречки зафати и голови на Стоилов, асистенциите на Игор Карачиќ, ефектот на Дибиров и Скубе, но и одбраните на Дејан Милосављев влеваа дополнителна самодоверба кај европскиот првак од 2017 година. Малку по малку се одеше во резултатско бегство за пренесување на притисокот и фрустрациите врз унгарскиот шампион. А, како одминуваше времето, така се зголемуваше и залихата на „црвено-црните“ кои на одмор заминаа со одлични плус 5 (16:11).

Seha

Продолжението на натпреварот во „Ланксес арена“ беше во знак на тимот на Веспрем кој ја згусна линијата и навреме ги затвораше приодите до Миклер и Штербик. Тоа доведе до топење на минусот во однос на европскиот шампион од 2017 година, но недоволно и за пресврт. Вардар потоа се стабилизира, ја врати концентрацијата, ракометарите ги „оладија“ главите, ако може така да се каже, ги смирија рацете и мудро ја приврши мисијата до крај за еуфорична прослава во Келн меѓутоа и низ кафулињата низ Скопје.

Рожерио Фереира Мораеш беше најефикасен меч во финалето со шест гола, пет пати погоди Иван Чупиќ, четири додаде летонскиот џин, Даинис Кристопанс, по трипати во листата на стрелци се запишаа Игор Карачиќ, Сташ Скубе и Тимур Дибиров, два гола во втората европска круна на Вардар вгради Стојанче Стоилов, еден даде и Данил Шишкарев. Французинот Кентин Мае со шест погодоциго предводеше Веспрем за кој минутажа овојпат доби Дејан Манасков, но не успеа да го совлада Милосављев во двата обида во првото полувреме.

Дел од генерацијата што остава големо богатство и резултат за почит се и фантастичниот голман Дејан Милосављев, неговиот колега Калифа Гедбане, Кристијан Дизингер, Глеб Калараш, Сергеј Горбок, Јања Војводиќ, Дмитри Кисељев и Мартин Поповски.

Вардар Веспрем Лига на шампиони ракомет финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.