Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот ракометен првак на шопинг во Бундеслигата: Вардар потпиша со Горпишин и Атман

0
By Нова ТВ on June 20, 2019 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 20, 2019 19:20

Новиот вардаров тренер Хозе Писонеро го крои ростерот за одбрана на тројната круна од изминатата сезона. Европскиот ракометен шампион е на шопинг во Бундеслигата од каде во Скопје привлече еден летонски репрезентативец и двајца руски. По официјализирање на трансферот на голманот Кугис Артурс, сонародник на Даинис Кристопанс, кој доаѓа од Гросвалштад како замена за Дејан Милосављев, од таборот на „црвено-црните“ денеска уште две потврдени принови.

Фото: rkvardar.mk

Нов партнер на Стојанче Стоилов на позицијата кружен напаѓач, по заминувањето на Рожерио Мораеш, е Сергеј Горпишин (21). Роден е во Германија, има 21 година и меѓу вардарци ќе пристигне од Ерланген. Карииеата ја започна во Ајнтрахт Хилдесхајм, а две сезони мина и во екипата на Спринге. Беше дел од репрезентацијата на Русија на годинашното Светско првенство во Германија, остана во националниот тим и во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Син е на Вјачеслав Горпишин кој со „зборнаја“ освои злато на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година.

Фото: rkvardar.mk

Заедно со него во СЦ „Јане Сандански“ е најавен и Павел Атман (32), добро познато име на македонската ракометна јавност со оглед на неговиот стаж во минатото во дресот на Металург. Игра на бековските позиции (лев и среден бек) и во изминатите две сезони настапуваше за Хановер. Претходно (2015-2017) играше за Мешков Брест по кратките авантури во Ал Ахли и во Ел Џаиш. Во суперлигашот од Автокоманда се задржа две години (2013-2015), а дотогаш ги бранеше боите и на Чеховски Медведи, на Динамо Минск и на Каустик од неговиот роден Волгоград.

И Горпишин и Атман и Артурс потпишаа договорите на две години со Вардар кој во новата сезона ќе влезе како бранител на трофеите во домашното првенство, во регионалната СЕХА лига и во Лигата на шампиони на ЕХФ.

Бундеслига Вардар Кугис Артурс Павел Атман ракомет Сергеј Горпишин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.