НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓоковиќ: Вимблдон е свет турнир за нашиот спорт

0
By Нова ТВ on June 30, 2019 СПОРТ
Фото: tennisworldusa.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вимблдон беше пресвртница во ланската сезона на Новак Ѓоковиќ. Освоената титула на гренслемот во Лондон всушност значеше враќање на српскиот тенисер кон врвот на АТП листата по забележаниот пад на рејтингот поради повреди. Подоцна ја покори конкуренцијата и во Њујорк (Ју-Ес опен), на почетокот на оваа сезона и на Австралија опен, а утре се враќа на неофицијалното светско тениско првенство како најдобар планетарен рекет.

„Има доста голема разлика. Минатата година излегов од топ 20 по Ролан Гарос. Резултатите не беа константни по операцијата што ја имав. Успехот на Вимблдон беше отскочна даска за мене и ми донесе огромно олеснување. Потоа се тргна нагоре. Го освоив Синсинати за првпат, а потоа и Ју Ес Опен. Гренслем титула може да промени сечија кариера. Дури по 15. гренслем титули во мојата колекција, јас сè уште ги ценам овие турнири и успехот во нив ми е особено важен за мене, мојата кариера, мојата доверба и мојата иднина“, истакна Ѓоковиќ.

Признава дека Вимблдон останува посебно место за него. Четири пати досега заминуваше од Лондон со престижниот пехар и од 1 до 14 јули ќе атакува на петта победа по 2011 година, 2014 година, 2015 година и по 2018 година. Негов прв ривал во мисијата за одбрана на титулата е Германецот Филип Колшрајбер.

„Тревата е историската подлога. Најтрадиционална. Овој турнир е свет за тенискиот спорт. Затоа овде се чувствувате посебно“, порача водечкиот светски тенисер.

Србинот е свесен дека нема да биде лесно. Истакнува дека во денешно време нема лесни мечеви и ниту еден противник не е лесен за надминување и прогрес на големите турнири што се мотив за сите. Оваа година веќе има едно непријатно искуство со Колшрајбер, па затоа е фокусиран да не дозволи нов шок.

„Колку сте поефикасни во првата недела, толку подобро за втората на турнирот. Треба да сте максимално концентрирани за да победите во три сета против Колшрајбер кој е многу добар на трева и ме победи оваа година во Индијан Велс“, додава Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ лани ја освои четвртата титула на Вимблдон по победата во финалето на Кевин Андерсон со 6:2, 6:2, 7:6. Трофејот во женска конкуренција го брани Германката Анџелика Кербер која во минатогодишното финале ја порази Серена Вилијамс со 6.3, 6:3.

Вимблдон Новак Ѓоковиќ тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.