НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трансфер пред полноќ: Рома го продаде Манолас на Наполи за 36 милиони евра

0
By Нова ТВ on July 1, 2019 СПОРТ
Фото: agonasport.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рома вечерва се раздели со еден од своите стандардни првотимци во изминатите неколку сезони. Од „Олимпико“ потврдија дека дефанзивецот Костас Манолас (28) е продаден на Наполи за 36 милиони евра на колку што гласеше и неговата откупна клаузула.

Грчкиот репрезентативец ги парафира личните услови по неколкудневни преговори и на лекарски прегледи во Неапол е најавен во текот на оваа недела. Со наполитанците под водство на Карло Анчелоти ќе потпише договор на четири години, а се шпекулира дека од трансферот ќе добие околу 4,5 милиони вклучувајќи ги и бонусите.

Во спротивна насока ќе замине играчот за врска, Амаду Диавара кој моментно е со селекцијата на Гвинеја ја Африканскиот Куп на нации. Неговото појавување во Рим се очекува кон средината на јули по завршување на турнирот во Египет.

Римјаните беа принудени за продажба на Манолас до крајот на јуни за регистрација на трансфер во фискалната 2018/19 сезона. Гркот на „Сан Паоло“ оди како замена за Раул Албиол кој кариерата ќе ја продолжи во Вилјареал. На „Олимпико“ пристигна во 2014 година од екипата на Олимпијакос и оттогаш одигра 156 меча за „волчицата“ и постигна шест гола.

Костас Манолас Наполи Рома фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.