Машкиот турнир на Вимблдон остана без неколку звучни имиња по првиот натпреварувачки ден. Највисоко меѓу нив котира Александар Зверев, кој во Лондон пристигна како шести носител. Подобар од него беше Чехот Јан Весели кој славеше со 4:6, 6:3, 6:2, 7:5.
Ништо подобро не мина ниту седмиот носител, Стефанос Циципас. Италијанскиот тенисер Томас Фабијано се покажа како кобен за младиот Грк за конечни 6:4, 3:6, 6:4, 6:7, 6:3 во три и пол часовниот маратон на „All England Club“.
До второ коло не успеа ниту Французинот Гаел Монфис кој мораше да го предаде мечот на неговиот сонародник Уго Имбер при 2:2 во сетови и негатива од 0:3 во решавачкиот петти сет. И Душан Лајовиќ е меѓу поразите на носителската листа. Србинот, кој на Вимбдон беше поставен како 32 фаворит, во првото коло загуби од Полјакот Хуберт Хуркач со 3:6, 6:4, 4:6, 4:6.
Проблеми на стартот, пак, немаше Новак Ѓоковиќ кој одбраната на титулата во Лондон ја почна со триумф во три сета над Германецот Филип Колшрајбер (6:3, 7:5, 6:3) и во второто ќе игра против Денис Кудла од САД.
Вимблдон, 1 коло
Мажи
Ѓоковиќ (1., Србија) – Колшрајбер (Германија) 6:3, 7:5, 6:3
Андерсон (4., Ј. Африка) – Арбер (Франција) 6:3, 6:4, 6:2
Весели (Чешка) – А. Зверев (6., Германија) 4:6, 6:3, 6:2, 7:5
Фабијано (Италија) – Циципас (7., Грција) 6:4, 3:6, 6:4, 6:7, 6:3
Качанов (10., Русија) – Квон (Ј. Кореја) 7:6, 6:4, 4:6, 7:5
Медведев (11., Русија) – Лоренци (Италија) 6:3, 7:6, 7:6
Раониќ (15., Канада) – Гунешваран (Индија) 7:6, 6:4, 6:2
Имбер (Франција) – Монфис (16., Франција) 6:7, 3:6, 6:4, 7:5, 3:0 / Монфис го предаде мечот
Алиасиме (19., Канада) – Поспишил (Канада) 5:7, 6:2, 6:4, 6:3
Гофан (21., Белгија) – Клан (САД) 6:4, 6:4, 6:4
Вавринка (22., Швајцарија) – Бемелманс (Белгија) 6:3, 6:2, 6:2
Баутиста Агут (23., Шпанија) – Гојовчик (Германија) 6:3, 6:2, 6:3
Пелја (26., Аргентина) – Копил (Романија) 7:6, 5:7, 6:3, 6:4
Пер (28., Франција) – Лондеро (Аргентина) 4:6, 6:4, 6:4, 7:6
Едмунд (30., В. Британија) – Мунар (Шпанија) 6:4, 6:4, 6:4
Хуркач (Полска) – Лајовиќ (32., Србија) 6:3, 4:6, 6:4, 6:4
Муте (Франција) – Димитров (Бугарија) 2:6, 3:6, 7:6, 6:3, 6:1