Моќни партии на Ешли Барти и на Анџелика Кербер во првите настапи на Вимблдон 2019. Австралијката во дуелот со Женг од Кина, можеби не откри се, но покажа доволно за оправдување на статусот на прва носителка и на моментно водечка на ВТА ранг листата. Конечни 6:4, 6:2 што ги архивира за 76 минути игра за меч против Белгијката Алисон ван Ујтванк во втората рунда.
Германката Кербер во кампањата за одбраната на тронот во Лондон влезе со триумф над сонародничката Татјана Марија со 6:4, 6:3. Нејзина наредна ривалка на гренслемот ќе биде Лора Дејвис од САД.
Пласман во второто коло осигураа и Кики Бертенс, Петра Квитова, Слоун Стивенс и Серена Вилијамс.
Вимблдон, 1 коло
Жени
Барти (1., Австралија) – Женг (Кина) 6:4, 6:2
Бертенс (4., Холандија) – Минела (Луксембург) 6:3, 6:2
Кербер (5., Германија) – Марија (Германија) 6:4, 6:3
Квитова (6., Чешка) – Жабер (Тунис) 6:4, 6:2
Стивенс (9., САД) – Башински (Швајцарија) 6:2, 6:4
С. Вилијамс (11., САД) – Џато Монтиконе (Италија) 6:2, 7:5
Бенчиќ (13., Швајцарија) – Павлјученкова (Русија) 6:2, 6:3
Ванг (15., Кина) – Лапко (Белорусија) 6:2, 6:2
Гергес (18., Германија) – Русе (Романија) 7:5, 6:1
Конта (19., В. Британија) – Богдан (Романија) 7:5, 6:2
Мертенс (21., Белгија) – Феро (Франција) 6:2, 6:0
Риск (САД) – Векиќ (22., Хрватска) 3:6, 6:3, 7:5
Анисимова (25., САД) – Кирстеа (Романија) 6:3, 6:3
Хадад Маиа (Бразил) – Мугуруза (26., Шпанија) 6:4, 6:4
Суарез Наваро (30., Шпанија) – Стосур (Австралија) 6:2, 7:5
Стрицова (Чешка) – Цуренко (32., Украина) 6:3, 6:2