НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Челзи се согласи: Мората останува во Атлетико М. за 50 милиони фунти

0
By Нова ТВ on July 6, 2019 СПОРТ
Фото: goal.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Челзи и Атлетико Мадрид постигнаа договор за Алваро Мората (26) за трансфер на шпанскиот репрезентативец од „Стемфорд Бриџ“ на „Ванда Метрополитано“. Лондонските „сини“ во зимскиот преоден рок го позајмија напаѓачот на 18 месеци во тимот на Диего Симеоне од каде го чекаа назад по завршување на сезоната 2019/20.

Но, прикажаните игри на Мората го задоволија раководството на Атлетико М. кое изрази упорност, конкретност и голема желба да го задржи во што и успеа и по претстојната натпреварувачка сезона. Изминатите шест месеци одигра 17 меча за вицешампионот на Шпанија и постигна шест гола, па затоа и понудениот перманентен договор за сума од 50 милиони фунти.

Шпанскиот фудбалер се пресели во Челзи во 2017 година од Реал Мадрид. На Островот беше претставен како големо засилување за премиерлигашот меѓутоа не успеа да се наметне докрај иако имаше солиден вовед во новата средина. Одигра 72 меча во кои постигна 24 гола за Челзи и по пауза од нецели две години, сепак, се врати во Примера каде и ќе остане со надеж дека ќе излезе во преден план по заминувањето на Антоан Гризман во Барселона.

Атлетико Мадрид веќе потпиша договор и со Жоао Феликс од Бенфика (19) за сума од 113 милиони фунти со што Португалецот стана петти најскап фудбалер на сите времиња.

Алваро Мората Атлетико Мадрид фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.