Непознати и маскирани лица влетале во гласачко место во атинската населба Ексархија што важи за населба- собиралиште на анархистите и украле гласачка кутија, непосредно по завршувањето на гласањето. Откако ја украле гласачката кутија, фрлиле пиротехнички материјали и побегнале.
Неофицијално, според грчките медиуми, на централниот плоштад во Ексархија, маскираните лица ги запалиле гласачката кутија и гласачките ливчиња. Во реонот на населбата е забележливо зголемено полициско присуство, но засега нема информации за уапсени лица.